- Родената штипјанка Андреа Нисева на Европското првенство во борење за кадети (до 17 години) во Скопје освои бронзен медал, но не за Македонија, туку за репрезентацијата на Бугарија, иако желбата беше да се бори за македонската репрезентација.
- „Имав голема поддршка од моите клупски пријатели од Олимпија од Штип. Морам да истакнам дека Маријан Атанасов кој живее во Англија, како и Љубиша Пешко кој живее во Шведска специјално дојдоа да ми дадат поддршка и да ме бодрат од трибините извикувајќи Македонија, Македонија, иако знаеја дека настапувам за Бугарија“,
- „Градот Штип овој медал го смета за свој, бидејќи јас учам, спортувам, другарувам и растам во овој град и можам гордо да кажам дека јас сум штипјанка, Македонка и никој не може да ми го земе тоа право“.
- „Се борам за Бугарија бидејќи не ми е дозволено од Боречката федерација и мојот клуб Олимпија го дискриминираат и не му даваат право за настап. Цела македонска јавност веќе го знае проблемот. Министерот беше во Штип и вети пред целата јавност дека ќе го реши проблемот со дискриминацијата, но од тоа ветување ни трага ни глас“, вели Нисева за ipon.mk
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.