Offside

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со 5 гола од кои 3 паднаа во судиско и донесоа драма. Следува пеколно полуфинале. Кралевите на мегдан со европскиот првак.

Капитенски и лидерски однос на Адеми кој повреден отпатува на жешкото дерби

Македонскиот репрезентативец се истакна со нов прекрасен гест, односно со два овој викенд во кој Динамо Загреб имаше тешка и многу важна пресметка во борбата за титулата. Тоа се тие потези со кои се освојува публиката.

Голманот на Милан на чуден начин учествуваше во победнички гол

Тифозите на Милан од далечната 2011-та чекаат скудето. Повеќе од една деценија црвено-црните не му се израдувале на највредниот трофеј во италијанскиот фудбал, но сезонава после 29 одиграни кола во Серија А како да се најсериозни кандидати за шампионска титула. Во саботата Милан со 1-0 го совлада Емполи со гол на бекот од кој намалку се очекуваше гол, Пјер Калулу кој начека една одбиена топка по слободен удар на Жиру.

Кој би рекол дека во НБА може да се случи таков циркус

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер и Мемфис Гризлис во арената „Пејком Центар“ во Оклахома излегоа на паркет со исти бели дресови. Кога во еден момент сите присутни сфатија дека ја утнале работата со дресовите, гостите (како што налагаат правилата) мораше да одат во соблекувална и да ја облечат резервната варијанта за гостински натпревари.

Столе Димитриевски го приближи Реал Мадрид до титулата

Македонскиот репрезентативен голман имаше фантастична полусезона во Ла Лига. Со неколку врвни одбрани и со одбранет пенал за победа против Барселона беше избран меѓу петмината најдобри голмани во Шпанија во есенскиот дел. Но во вторава полусезона на 13 меча во Куп и Ла Лига само на 4 беше стартер. Во неделата против Севиља (1:1) спаси чист гол за гостите во 90+4’ минута од судиското продолжение кога направи страшна парада по шутот на Марсијал.

Колегата на Елмас што славеше гол со фотоапарат

И покрај тоа што имаше неколку повреди на стартот од сезоната, Нигериецот Виктор Осимен покажува зошто Наполи реши да го направи најскапо платениот трансфер во клупска историја. Високиот центарфор игра во сјајна форма и со два нови гола на тешкото гостување во Верона (1:2) им донесе три бода на Наполитанците кои се во сериозна трка за титулата со Милан, Интер и Јувентус. Елмас влезе во игра во 63’ минута наместо Политано.

Најсмешен црвен картон на колото

Бетис со 1-0 го совлада Атлетик Билбао со гол на Борха Иглесијас во 20’ минута. Овој меч остана во сенка на една ситуација на десет минути пред крајот кога најдобриот фудбалер на домашните, Набил Фекир беше испровоциран од гостинскиот капитен Икер Муниаин кој го потегна за брадата, па му врати и доби директен црвен картон. Заслужено.

Прв настап и гол на Јармоленко за Вест Хем после војната, кој се расплака од мака

Вест Хем славеше против Астон Вила со 2:1, а Андреј Јармоленко одлучи да ја прекине фудбалската пауза и направи кам бек со гол кој го прослави многу емотивно.

Милан Ристовски спасител во 94-та минута

Останаа само 10 дена до историскиот плејоф меч за СП на Македонија, против Италија на гости и радува кога ќе видиме голгетерска форма кај некој од избраниците на Боби Милевски. Ристовски даде гол за Спартак Трнава во последните мигови, за конечни 1:1 на гостувањето против Дунајска Стреда во словачкото првенство.

Напад со камења и шишиња во автобусот со кој се возеа Адеми и Рики

Не е лесно да си фудбалер на Динамо Загреб кога треба да патуваш во Сплит. Дерби од кое викендов не се броеа голови, бидејќи ги немаше, туку број на уапсени вкупно 89, кои дивееа и гаѓаа во автобусот на гостинските играчи и навивачи.

Кога играше за Македонија, знаеше македонски?

Новинар на Спортклуб на Олд Трафорд му зема изјава на Дејан Кулушевски после поразот на Тотенхем од Манчестер Јунајтед. Му поставува прашање на хрватски и бара од него да одговори на македонски. Охриѓанецот разочара, а можеше барем да проба. Сигурно во Охрид не им зборува на шведски на баба му и дедо му.

Судија на денот

Постојат тврдења дека тој што не го бива за фудбал станува судија. Овој или е таков или има дрмнато некоја пред натпревар, ама малку појќе.

Црната птица на мечот Норвич - Челси

Фудбалерите на Челси ја продолжија сјајната победничка серија на гостувањето кај Норвич каде победија 1-3. На овој натпревар домашниот фудбалер Џош Сарџент неколку пати се сретна со една црна птица. Судијата Мартин Еткинсон во 25’ минута конечно свирна прекин со цел птицата да биде отстранета, но таа отиде пред другиот гол.

Пред дербито во Сплит, Бед Блу Бојс ја обоиле ривиерата во сино, Торцида одговори

Хрватската лига никогаш од основањето не била поинтересна од сезонава. Пазете го ова: Динамо Загреб во моментов е прв со 53 бода колку што има и вториот Осијек со натпревар повеќе (26 меча). Ријека е трета со 52, а Хајдук четврт со 48. Четири клуба кои се борат за титулата, максимална неизвесност каква што немало никогаш.

Панчев и Марадона на времето имале иста цена

Налетавме на интересно видео изготвено од Трансфермаркт чија специјалност се трансферите. Го следат прогресот на најскапите трансфери во историјата, стартувајќи од 1990-та и во еден момент ќе забележите сума од 12 милиони евра кај Марадона, Папин и Дарко Панчев, кој во 92-ра од Звезда се пресели во Интер.

Индијан Велс ни го носи најоткачениот ас во тенисот

Американецот Максим Креси му го зема најчудниот поен на сервирање на Кристофер Јубенкс во првото коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Да не знае човек, може и нема да сфати како ова се случи. Се смееше и тенисерот и публиката, а за поенот е уствари виновен ветерот откако Креси го удри топчето со врвот на рекетот.

Фудбалот премногу долго ја игнорираше вистината за парите на Абрамович

Фактите за имотот на сопственикот на Челси отсекогаш биле таму за да ги види оној што се грижел за тоа, но во фудбалот премалку го направиле тоа.

Најбараниот фудбалер во Европа игра за Кристал Палас

Младиот бисер на клубот од предградието на Лондон, Мајкл Акповие Елисе, роден на 12 декември 2001-ва година може да игра за најмалку четири репрезентации чии федерации секојдневно се борат за него.

Дете на Барселона бранеше врвно и ја сочува мрежата баш против Барса

Галатасарај остана непоразен на „Камп Ноу“ во првиот меч од 1/8 финалето на Лига Европа а најголеми заслуги за тоа носи 23-годишниот голман позајмен токму од Барселона, Ињаки Пења.

Ноле ѕвездаш во душа

САД му ги затвори вратите за турнирите во Индијан Велс и Мајами, ама во арената Александар Николиќ го пречекуваат како крал. Шоу правеа и навивачите и Ѓоковиќ со играчите.

Навивачите на Челси скандираа во чест на Роман Абрамович

Откако на мечот со Барнли на гости кој нивниот Челси го доби со 0-4 навивачите на „сините“ громогласно го скандираа името на доскорешниот сопственик на клубот во чија ера станаа најтрофејни во клупската историја и освоија два трофеи во Лига на шампиони, синоќа пак и во триумфот кај Норич му дадоа поддршка на Абрамович кој е погоден од драконски санкции во Велика Британија.

Златан да даде оценка за бразилската мајсторија во Њукасл

Од четири синоќешни средби во Премиер лигата, веќе имаме два кои се двојат и кои не може да поминат незабележани. Бруно Гимареш од Њукасл сака да ви покаже нешто.

Интелигенција и елеганција од гол во Премиер лигата

Остај ти Лига Европа и Конференциска лига и види го Португалецот Рубен Невес од Вулверхемптон каков гол му даде на Ватфорд. Не е сè во ножичките и слободните удари. Кликер треба за ова.

Путин и Зеленски да го видат ова

Директорот на Аталанта Умберто Марино пред неколку дена рече дека врската меѓу Малиновски и Миранчук е пример за тоа какви треба да бидат работите и дека тоа е искрено пријателство помеѓу две момчиња кои претставуваат два многу слични народи. Пораката на убав начин ја испратија и навивачите на Аталанта на синоќешниот меч против Баер Леверкузен.

Како Икер Касиљас го гледал мечот Реал - ПСЖ

Маскиран од глава до пети, на главната трибина на Сантијаго Бернабеу каде ако го познале, ќе требал да даде сигурно стотици автограми и да се слика со двеста луѓе.