Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Анонимен кошаркар развали во турнирот за забивање на Ол Стар

Малку познатиот Мек Мекланг ги растури ривалите во натпреварот за најдобри забивања во рамки на Ол Стар викендот во Солт Лејт Сити.

Полски фудбалер ѝ пркоси на физиката

Промашувањето на сезоната 2022/2023 и официјално е дело на играчот на полска Лехија Гдањск, Михал Налепа. На гостување во Кјелце Налепна во длабоко судиско продолжување, при резултат 1-0 за домаќинот, имаше епохална шанса да израмни и да донесе голем бод за Лехија.

Дончиќ од центар, со една рака, присутните зачудени

НБА светот се спрема за најголемото шоу - натпреварот на сите ѕвезди. Во Солт Лејт Сити, за првпат после 1993-та година се собира кремот на најдобрата светска лига. Таму се и Лука Дончиќ и Никола Јокиќ кои ќе настапат за Западот, а на еден од тренинзите Лука погоди од пола терен со една рака.

Емотивни сцени на „Сент Џејмс Парк“ за загинатиот Атсу во земјотресот

По 12 дена неизвесност, поранешниот фудбалер на Њукасл Кристијан Атсу пронајден е мртов денеска под рушевините во Турција. Пет часа пред земјотресот требал да се качи на авион, но голот за победа го предомислил.

Аматерски кикс на голманот на Њукасл и заслужен црвен картон

Њукасл имаше ужасно прво полувреме против Ливерпул и во рок од 12 минути прими два гола и остана со играч помалку поради глупоста на Ник Поуп. Во обид да го спречи Салах да зголеми на 0:3, ја изрежира најлошата можна верзија на Ноер.

Час по физичко во средно, 1962

Сега дај им ја топката и нека вртат баскет на два коша, а наставникот оди турско да пие со чистачката. Што да не не е така? Добро де, понекогаш.

Џордан беше атракција и на 38 години

На 25 септември 2001, Ем Џеј го најави вториот кам бек во НБА. Овој пат во Вашингтон Визардс и со намера да ја донира платата за помош на семејствата на жртвите од нападите на 11 септември. И покрај проблемите со повреди, беше стартер на 53 од вкупно 60 натпревари и беше најдобар во својот тим со просек од 24,3 поени, 5,4 асистенции и 6 скока. Визардс ја завршија сезоната со рекордни 37 победи, а Џордан и на 38 години беше меѓу кандидатите за МВП.

Врвна компилација со лажњаци на Џордан

Најголемата кошаркарска икона на сите времиња, денеска дувна 60 комада. Како ли да се одбере клип за објава по повод неговиот роденден? Ако запнеме, 60 јаки ќе најдеме. Минимум.

60 години Мајкл Џордан: Зошто беше прв во сè што правеше?

Ја одбележа не само ерата во која играше, туку и иднината на спортот. Ја направи НБА глобална. И ден денес со „The Last Dance“, повеќе се зборува за него, отколку за денешните ѕвезди.

Да не беше ракометар, Недановски би бил земјоделец или политичар

Од СЕХА лигата се решија малку на забава и снимија видео со тренерите и играчите на Вардар и Партизан. Кај двократниот европски првак на прашањата на тренерот Владо Недановски одговараат Филип Талески, Дејан Манасков, Мартин Карапалевски и Мартин Томовски.

Кучето Протео, јунак кој спаси неколку лица од земјотресот - се појави на големата кореографија на Трабзон

Мечот Трабзонспор - Базел во рамки од Лига Конференции помина многу емотивно за сите кои го следеа и во живо и на телевизија. Навивачите на домашниот тим кој стана прв турски состав кој заигра фудбал по разорните катастрофални земјотреси, направија многу емотивна кореографија.

Кој носи капа, та-ра-ра-ра-ра

Повеќе од две илјади навивачи на Манчестер Јунајтед допатувале во Барселона за да го бодрат својот тим на „Камп Ноу“. Видоа фантастичен меч, два гола и одличен резултат (2:2) пред реваншот на „Олд Трафорд“. Како што обично бива, на крајот дофрлања меѓу навивачите на двата тима, ама еден англиски навивач остана без капа.

Шах-мат и еврогол на Севиља во три потези

Севиља со 3-0 го растури холандски ПСВ Ајндховен и со една нога е во осминафинале на Лига Европа. Андалузијците одиграа перфектен меч, а шлаг на тортата беше голот на Немања Гудељ за 3-0 во 55’ минута.

Голот на вечерта е дело на капитенот на Лацио

Фудбалерите на Лацио минимално го совладаа романски ЦФР Клуж во Лига Конференции и со гол предност ќе патуваат на реваншот за една недела. Од бројните шанси тимот на Сари искористи една, во 45+4’ минута од првиот дел кога Чиро Имобиле фати еден школски волеј. Многу тежок шут.

Врвната одбрана на Де Хеа, ја фати жива како на тренинг

Барселона и Манчестер Јунајтед одиграа спектакуларен меч во Лига Европа, дуел кој личеше како завршница на Лига на шампиони. И домаќините и гостите постигнаа по два гола а имаа шанси за уште најмалку по два. Како на пример онаа по шутот на Рафиња кога Де Хеа ја фати жива.

Шансата на Киеза кој погоди пречка, статива и тапна на гол линија

Јуве одигра само 1:1 против Нант во плејоф натпреварите од Лига Европа. Мечот донесе многу драми во вториот дел. Судијата во 95-та гледаше ВАР за евентуален пенал, а претходно Киеза имаше убава прилика за гол и се изначуди како топката не влезе.

Прво имаше фаул за Нант или пенал за Јуве?

Мечот меѓу Јувентус и Нант од ЛЕ кој заврши 1:1, донесе многу специфична цитуација во 95-та минута која на главниот судијата му требаше многу време да ја реши со помош на ВАР. Дали да се досуди пенал за Јуве поради играњето со рака или па фаул во напад?

„Секогаш ќе бидеме заедно и ќе си ги лечиме раните“

Трабзонспор е првиот турски клуб кој одигра фудбалски натпревар после катастрофалниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе. Кореографијата и обединувањето го засенија мечот.

Ибра и син му тренираа со прв тим

На тренинг на Милан со првиот тим кај тренерот Стефано Пиоли се појавил и 16-годишниот син на Златан, Максимилијан Ибрахимовиќ.

Банер на колото на Сити Парк Бојс

 

Работнички пред неколку дена го совлада Гостивар убедливо 98:63, ама без публика поради казната што ја доби клубот за навредите на навивачите кон првиот човек на КФСМ Перо Антиќ. И покрај тоа што немаа можност да влезат во сала, навивачите на Работнички успеаа да испратат порака.

Играч од среден ред во Италија одбрани пенал во 94-та важен во битката за опстанок

Во недела кога топ тема во фудбалот е Лига на шампиони, Италијанците ќе ти извадат меч со лудо сценарио кое не паметиме дека некогаш се случило во прволигашки фудбал.

Од топ 10 во НБА никогаш доста

Секој што прати кошарка сака да ужива во забивања, ама овој пат предност ќе им дадеме на дриблинзите на Џејсон Татум од Бостон и Ламело Бол од Шарлот кои заслужуваат и повисоки позиции од број 5 и 4. Многу јако, посебно потегот на Татум.

Легендарниот муабет на Ќиро за Батистута

Секогаш ведар, насмеан, наоружен за шега и мајтап. Ќиро Блажевиќ пред еден меч на славната хрватска селекција која освои трето историско место на Светско првенство 1998-ма му одговара на некој странски новинар на прашање поврзано за тогаш најдобриот светски шпиц Габриел Батистута.