Поенот на Љафтов со кој ја запали публиката

Првиот сет на првиот меч на Македонија на ЕП, воопшто не ги уплаши нашите одбојкари, туку напротив момците се ослободија од притисокот, го подигнаа нивото на игра и ги растурија Данците. Еден од важните поени кој создаде голема еуфорија беше поенот со кој израмнија 1:1 во сетови, по што го најавија големиот пресврт.