Првиот сет на првиот меч на Македонија на ЕП, воопшто не ги уплаши нашите одбојкари, туку напротив момците се ослободија од притисокот, го подигнаа нивото на игра и ги растурија Данците. Еден од важните поени кој создаде голема еуфорија беше поенот со кој израмнија 1:1 во сетови, по што го најавија големиот пресврт.