Пољаците купиле повеќе карти од Македонците за ЕП кое се игра во Скопје

Македонската одбојкарска федерација мака мачи со продажбата на карти и тоа за Европско првенство кое за прв пат се игра во Македонија.

Македонските одбојкари ситно бројат до големиот собир и за прв пат ќе ја имаат честа да бидат едни од домаќините на престојното Европско првенство.

Но и покрај тоа што низ годиниве оставија срце на терен и се борат машки и упорно во спорт кој е маргинализиран или поточно многу слабо финансиран, никако да ја добијат потребната поддршка.

Полските навивачи имаат купено повеќе карти од македонските за првенство кое се игра на наш терен. Срамота.

Инаку Македонија е домаќин заедно со уште три земји, Италија, Бугарија и Израел, а Европското првенство се игра од 28 август до 16 септември.

Момците на селекторот Јошко Миленкоски, во Борис Трајковски ќе ги одмерат силите со Чешка, Данска, Црна Гора, Холандија и Полска во рамките на групата Ц.

Цените за билети се 8 и 12 евра, а пакет за сите пет средби може да се набави за 30 и 50 евра. За деца до 14 години билетите се 6 и 9 евра.

Распоредот на нашиот национален тим изгледа вака:

30 август: Македонија - Данска 
2 септември: Македонија - Црна Гора
3 септември: Македонија - Полска
5 септември: Македонија - Холандија
6 септември: Македонија - Чешка
 

23 август 2023 - 12:54