Одбојкарската селекција на Македонија ја оствари целта. Ја совлада Грузија и со тоа обезбеди пласман на ЕП 2026, четврто во низа, кое ќе се игра во Бугарија, Финска, Италија и Романија. Избраниците на Јошко Миленковски триумфираа убедливо со 3-0 (25-13, 25-16, 25-17), а потоа традиционално славеа со „Бисер Балкански“, нивната омилена патриотска песна.