Репрезентативецот Филип Деспотовски по средбата изјави дека не се добра, туку ненормална репрезентација. Мислел дека ќе ги добијат Турција и Финска, а ги победија Белорусија и Словенија со како што вели тој со дрскост, напад, желба, одбрана…
Македонија ја победи Словенија со 3:1 и тоа со феноменален пресврт во четвриот сет. Губеше 23:20, а на крај славеше со 26:24 со херојски блок. Ајде овие сцени нека бидат пресвртница за нашата репрезентативна одбојка која ја израдува Македонија на нивното прво учество на Европските првенства.
Поенот за 2:0
БРАВООО МОМЦИИ! СЛОВЕНИЈА - МАКЕДОНИЈА 0:2! ОДИМЕ ПО ПОБЕДА! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/qLlTdRvfgR
— Stefan (@StefanDaskalov) September 17, 2019
Херојскиот блок за победа
ПОБЕДАА! ПАДНА СЛОВЕНИЈА!! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/HYWLhSdZ5I
— Stefan (@StefanDaskalov) September 17, 2019
„Брат, виде ли како ги тепавме среде Словенија. Баш ми е мерак. Двапати ги водевме по 2:1 и на крајот загубивме со 2;3, но сега тоа се врати. Ние имаме срце планина. Како минуваше времето, знаев дека ќе играме уште подобро. Ние можеме, ние знаеме и никогаш не губиме и не играме лошо во одлична атмосфера. Многу сум среќен, сакав да заплачам, но немам солзи од замор. Ова е најдобриот натпревар и психички најтешкиот. Едноставно немаше слаб играч во нашата репрезентација“, изјави емотивно Ѓорѓиев за МТВ.
За историски пласман во осминафинале Македонија утре ќе мора да чека Турција да ја победи Финска.