10 причини зошто да ја бодрите Македонија на Европското во Скопје

Македонската одбојкарска репрезентација утревечер со почеток од 20:00 во салата Борис Трајковски, за прв пат ќе ја згрми македонската химна на ЕП како домаќин. Момците кои гинат за националниот дрес и кои имаат патувано 24 часа со автобус, заслужуваат полна сала.

1. Национална репрезентација која пружа најмногу борба, енергија, фанатичност на теренот.

2. Национална репрезентација која е подготвена да направи сè за Македонија. А под сè, се подразбира дури и да патува со автобус 24 часа, само за да ги брани боите на Македонија.

3. Селекција која покрај сите проблеми, никогаш не ја загубила енергијата и ентузијазмот, момци кои секогаш верувале дека Македонија може да биде некој и нешто во светската одбојка.

4. За сонот на Никола Ѓоргиев да стане реалност, Македонија да игра нокаут фаза.

5. Репрезентација која на ЕП во Словенија играше фантастична одбојка  и заслужи 1/8, но беше скратена затоа бидејки Турција и „пушти“ на Финска.

6. Репрезентација која сега со помош на навивачите има голема шанса да го исполни својот сон, да ја исправи неправдата од ЕП во Словенија и да се пласира во осминафинале.

7. Да мотивираме повеќе деца да се занимаваат со одбојка, за утре повторно да бидеме дел од големи натпреварувања.

8. Да покажеме дека не сме само тастатура стручњаци, туку вистински љубители на спортот.

9. Затоа што имаме должност да стоиме рамо до рамо со оние кои се борат за националниот грб.

10. Овие момци вредат многу повеќе од 500 денари карта, овие момци заслужуваат полна сала.

ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА НЕ СМЕ ФЕЈСБУК ПАТРИОТСКА НАЦИЈА, ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ГИ ПОДДРЖУВАМЕ МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ.

НА 30 АВГУСТ ПРОТИВ ДАНСКА, 6.000 ГРЛА ДА ЈА ИСПЕАТ „ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА“. НЕ СЕКОЈ ДЕН МАКЕДОНИЈА Е ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА!!

виа

29 август 2023 - 13:43