Ако некој одбојкар се двои по имиџот во македонската репрезентација, тоа дефинитивно е Дарко Ангеловски Шаби.
Препознатлив по бркот и стегачот на глава, Шаби е уникатен и оригинален лик, но и голем мотиватор на терен кој ја пали атмосферата.
„Лично сум многу задоволен што му фатив неколку топки на тој индијанецот нивни, но мора да кажам дека ја дадовме цела душа на терен за дојдеме до победата. Македонската јавност денеска беше симпатична, мило ми е што имаше навивачи. Црна Гора ќе ја „дувнеме“, не им одговара салата, но прво треба да се одмориме. Шоуто тука чини 500 денари ако сакаат да не гледаат, ако не на ТВ е бесплатно. Сепак верувам дека на следниот меч ќе дојдат во поголема бројка“, вели нашиот либеро кој пред камера беше уште послободен :).
Убедлив триумф на македонските јунаци, старт на Европско со победа!
Последниот поен на Македонија за делириум во Борис Трајковски