Во дуел еден на еден, со буткање, на паѓање, со неприродна положба на телото, Рафаел Леао успеа да и даде гол на Рома кој наликуваше на ножички. Претходно стрелаше и Жиру од пенал, а домаќините ги поставија конечните 1:2 со голот на Спинацола во 92-ра минута. Милан има 3 од 3, а во следното коло ќе го игра градското дерби.