Влезниците за колеџ натпреварите во женска одбојка во Небраска биле распродавани уште во април годинава. Првиот контингент карти биле продадени за еден ден, а после исто секој од пакетите бил распродаван брзо. Со 81.000 продадена влезници во првите неколку дена, карти имале дури 4% од вкупната популација на Небраска.
На мечот меѓу женските одбојкарски тимови на универзитетите Небраска - Омаха, на стадионот „Линколн Мемориал Центар“ имало 92.003 гледачи и оваа посета влегува во Топ5 настани во женскиот спорт некогаш одиграни.
Небраска славела со 3-0 во сетови: 25-14, 25-14 и 25-13.
„Оваква можност се случува само еднаш во животот. Искрено ме остави без зборови.... Тешко е да собереш 94.000 луѓе“, рекла пред мечот Бека Алик, среден блокер.
Ова е нов светски рекорд за посета на женски спортски настан. Претходниот бил за време на полуфинален меч од женската Лига на шампиони меѓу Барселона и Волфсбург во 2022 кога на „Камп Ноу“ дојдоа илјадници навивачи за да го бодрат женскиот состав на Барса.
Овој рекорд од Небраска на далеку го надмина и досегашниот рекорд од НЦАА колеџ регуларната сезона во женска одбојка кој досега го држел мечот меѓу Висконсин и Флорида од минатиот септември кога имало 16.833 гледачи.