Каква борбеност на дебитантот Летонија, по Франција ја урнаа и Шпанија

Дебитантот кој првпат игра на едно Светско првенство, селекцијата на Летонија го совлада европскиот и светски шампион Шпанија со 74:69 и со една нога обезбеди пласман во следна рунда. Шпанците висат затоа што ги чека моќната Канада и со пораз ќе си ги пакуваат куферите.

Летонија и Литванија се две држави во кои кошарката е национален спорт број 1. За Литванците е надалеку познато дека се борбени како витези на секое големо натпреварување и дека немаат ниту еден натурализиран странец во тимот.

Ист е случајот и со Латвија.

Без својот лидер од НБА Криштоф Порзингис кој и покрај тоа што е повреден, побарал дозвола од Бостон Селтикс да присуствува на Светското и во Џакарта да биде со своите другари и без капитенот Даирис Бертанс кој се повреди на старт на Мундијалот, Летонија направи чудо.

Иако за првпат играат на Светско првенство, прво ја совладаа силната Франција во групна фаза, а сега ја урнаа Шпанија во втората групна фаза и се на чекор од 1/4 финале.

Летонците денес до историски триумф ги предводеше Давис Бертанс со 16 поени, 3 скока и 1 асистенција а Родионс Куруц имаше 13 поени со 8 скока. По 11 важни поени уфрлија Андрејс Гражулис, Кристенс Зорикс и Роландс Шмитс.

Кај Шпанците Вили Ернангомес, новиот кошаркар на Панатинаикос постигна 14 поени, а по 11 дадоа Гаруба и Брисуела. 9 поени запиша Хуанчо Ернангомез.

Шпанија го забележа првиот пораз на големите натпреварувања после цели 20 победи по ред!

1 септември 2023 - 13:59