Штипскиот напаѓач стрелаше и на реванш дуелот против Хакен во плејофот од Лига Европа, но за жал тоа не беше доволно Абердин да се пласира во групната фаза од Лига Европа.
Хакен имаше предност од 0:2 во првиот дел, а Миовски со гол од пенал во 56 минута ги врати надежите на својот тим.
Швеѓаните сепак постигнаа и трет гол и со триумф од 1:3 и вкупен резултат од 3:5 одат во групи.
Утеха за Бојан Миовски и Абердин е учеството за групната фаза од Конференциска лига каде ја чекаат жрепката.
Миовски е еден од играчите кој е во најдобра форма во таборот на македонскиот национален тим кој ќе игра две квалификациски средби против Италија и Малта.
Претходно стрелаше против Селтик, Стирлинг, Хакен и Сент Мирен.