Offside

Роден е на 2-ри декември 2009-та година. Павел Полех на својот трет настап за Спартак Москва го постигна својот прв гол и стана најмлад стрелец во историјата на рускиот гигант. Со само 16 години, девет месеци и пет дена Полех постигна погодок во Купот на Русија против Оренбург.

Го паметите ли Гаел Клиши?

Легендарниот француски лев бек кој блескаше во Арсенал и во Сити и освои 3 шампионски титули и со двата клуба, 1 ФА Куп, потоа замина во богатата турска Суперлига и стана шампион со Истанбул Башакшехир. Од 2-ри декември 2020-та е во швајцарски Сервет каде пред три дена постигнал прекрасен гол од половина терен.

Судија во Србија изеде ќотек од тренерот поради црвен картон

Кај Србите немаа раат. Повторно немили сцени и повторно во Белград пред деца од 14 години.

Столе го прими евроголот на колото во Шпанија

Имаме понеделнички голчишта на ангро. Прво Аријан Адеми, па Трент Александер Арнолд и сега следува најјакиот, ремек делото на бекот Јусуф Сабали. За него ова е прв гол во дресот на Бетис кој го совлада Рајо Ваљекано со 3:1. Нема што да и прави на оваа топка Димитриевски.

Ремек дело на Арнолд од слободен удар на асистенција на Салах

Ливерпул се разбуди во финишот од сезоната и после оние 4:1 од Манчестер Сити на 1 април, не знае за пораз. Одигра нерешено против Челси и Арсенал по што врза седум победи по ред. Синоќа го победи Лестер на гости 0:3 и повторно ги нападна местата кои водат кон ЛШ. Трент Александер Арнолд со помош на Салах покажа како треба да изгледа еден совршено изведен слободен удар.

Неодбранлив проектил на Адеми за деби гол во Кина

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се отвори уште на стартот во кинеската авантура со бомбастичен погодок вреден 3 бода за неговиот тим. Пекинг Гуан - Нантонг Жијун, конечни 1:0. Уживајте во немилосрдната завршница на довчерашниот капитен на Динамо.

Ѓоковиќ со исповед од Рим за Австралија: „БиБиСи кратеше некои зборови од интервјуто“

Српскиот тенисер зад себе има еден мошне тежок период поради мачните случувања од Австралија во време на глобалната пандемија, кога од еден домашен притвор до мелбурнските институции го развезуваа како мечка во циркус додека траеше огромна медиумска сатанизација.

Него Гундоган многу мангупски голови даде

На навивачите на Арсенал им се ближат, веќе по кој знае кој пат нови плачки за иста причина, а тоа е колку и да се блиску, сепак секогаш се далеку од титулата. Загубија дома од Брајтон 0:3, а Манчестер Сити со истиот резултат славеше на гостувањето против Евертон. Грев е да не се одбележат и погледнат повеќе пати двете велемајстории на Илкај Гундоган. Маестрални завршници со посебен акцент на првата.

Се срчнаа Торес и Арбелоа како тренери на Реал и Атлетико

Иако се поранешни соиграчи од Ливерпул и селекцијата на Шпанија, Фернандо Торес и Алваро Арбелоа се закачнаа на дерби градска пресметка меѓу екипите на Реал и Атлетико за играчи до 19 години. „Ќе ти ја скинам главата“, му рекол Торес на Арбелоа за што доби црвен. Но претходно поранешниот бек на Реал провоцирал и пцуел накај клупата на поранешниот напаѓач на Атлетико. Кралевите ја добиле пресметката.

Колкав може да биде ризикот кога голман глуми напаѓач?

Кога коментаторот на крај на мечот ќе рече: „Домаќините одат на сè или ништо“, се мисли на овој пример од Мексико.

АЕК шампион во Грција, навивачите ја распалија Атина

Во најнеизвесната завршница на грчката Суперлига во последните дваесетина години, за титулата до крај се бореа АЕК и Панатинаикос, двата клуба од Атина кои искористија што хегемонот Олимпијакос е заспан веќе подолго време.

Го даде ли Фаџоли најубавиот гол на Јувентус сезонава?

Додека конкурентите во трка за местата во Лига на шампиони кашлаат од коло во коло и никако да ја искористат шансата да обезбедат место во елитното друштво, Јувентус си го трасира патот до најдоброто клупско натпреварување. Со 2:0 го совладаа Кремонезе а едниот од двата гола, дело на младиот Николо Фаџоли беше спектакл.

Подарок од Динамо за капитенот на Македонија за влезот во клубот 100

Динамо Загреб не го заборава Стефан и за убавиот јубилеј му подари дрес со број 100, колку што има вкупно официјални настапи за клубот од Максимир.

Пица, пиво и песна во соблекувалната на Вардар

Трофејот од ракометниот Куп на Македонија трета година по ред останува во Скопје кај тимот на Вардар кој е рекордер и го има освоено 16 пати. Играчите направија фешта во соблекувална, Талески се истураше гол со пиво, а Манасков му се обрати на тренерот Недановски со Мурињо, алудирајќи на Чкембари кои го нарекоа „ресенскиот Мурињо“.

Јака анегдота за Бодирога во кафана во Врање

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, трофејниот Дејан Бодирога, како и многу негови соиграчи, по крајот на кариерата решил да инвестира и во некој приватен бизнис. Во еден период се занимавал и со производство на брашно, а од тогаш датира една врхунска анегдота.

Какво лудо славје во Ротердам за титулата

Фудбалерите на Феенорд Ротердам стигнаа до 16. шампионска титула во клупската историја, прва после 2017-та година. Сезона за паметење имаше тренерот Арне Слот кој сега би требало да преземе некој поголем клуб.

Рекордна партија на Тејтум, Бостон е во финале

Крилото на Бостон Слетикс, Џејсон Тејтум одигра спектакуларна партија и со 51 постигнат поен на мечот со Филаделфија влезе на вечната листа најдобри поентери во НБА плејофот.

Претседателот на Барселона Лапорта во екстаза во соблекувална

После неколку годишни црни облаци кои висеа над „Камп Ноу“, во Барселона конечно се слави. Каталонците сосема заслужено ја освоија шампионската титула и ги утешија навивачите со златниот пехар во Ла Лига. После победата од 2:4 на

 

Навивачи на Еспањол насилно го прекинаа шампионското славје на Барселона

Барселона со 2-4 го победи лутиот градски ривал Еспањол на негов терен и теоретски ја освои шампионската титула, прва после четири години. На крајот од мечот домашните навивачи влетаа на терен и го прекинаа гостинското славје.

Не се бранат ваквите голчишта на Мбапе

ПСЖ му пукна петарда на Ајачио од 5:0 и на три кола до крај има +6 пред Ленс, што значи титулата е речиси освоена. Мбапе даде два гола и има вкупно 38 од кои 26 во првенство. Вториот го постигна со страшен волеј.

Еврогол на Специја против Милан, ултрасите ги построија Пиоли и играчите

Милан направи голем кикс во битката за четвртата позиција и загуби 2:0 од 18-то пласираната Специја која се бори за опстанок. Фудбалерите на разговор кај навивачите.

Талески изеде џандарски пендрек на дербито

Луди сцени ни доаѓаат од финалето на македонскиот Куп меѓу Вардар и Пелистер, кој црвено црните го добија и со тоа го одбранија пехарот. Веднаш по завршувањето на мечот настанаа турканици меѓу играчите во кои се вмеша и полицијата, а еден од полицајците го удри Филип Талески со пендрек во глава. Видеото на социјалните мрежи го објави самиот ракометар, а исто и Дејан Манасков кој праша: Зошто?

Колку ќе добие, што викате?

На денешниот луд натпревар меѓу Лидс Јунајтед и Њукасл Јунајтед на кој домашните се бореа за бодови за опстанок а гостите за бодови за Лига на шампиони, имаше дури три пенали, црвен картон и четири гола. На крајот праведни 2:2. Еден домашен навивач упаднал на терен и му се пушти на гостинскиот тренер Еди Хау. Со законите од Маргарет Тачер наваму, којзнае што го чека.

НБА ѕвезда прекина прес-конференција да се јави на мајка му

Мајами Хит се пласираше во големото конференциско финале на Истокот откако во полуфинале го елиминираше Њујорк Никс. Во целата серија меѓу овие два тима сјајни партии пружаше искусниот Бем Адебајо кој и синоќа во триумфот постигна 23 поени со 9 скока. После мечот на сред прес-конференција неочекувано му заѕвонел телефонот. На линија повик кој не се одбива.

Како е можно овој гол на Меси од финале да не добие Пушкаш награда?

Кога еден ден ќе им раскажувате на внуците за тоа каков фудбалер беше Лео Меси, пуштете им го клипов од финалето на Копа деј Реј во 2015-та меѓу Барселона и Атлетик Билбао.