Американецот стана првиот атлетичар од 2015-та година кому му успеало да освои дури три злата на едно Светско првенство после Усеин Болт.
Лајлс стана воедно и еден од осумте атлетичари во историјата кои освоиле три златни медали на Светско првенство. Најбрзиот човек на денешницата освои злато на 100 метри, на 200 метри и во штафетната трка за репрезентацијата на САД.
Ноа има шест победи и едно сребро на светските првенства (2019, 2022, 2023). Изјави дека истата цела ќе му биде и на Олиммписките Игри во Париз 2024.
Во меѓувреме тој ја разбранил јавноста во САД со една отворена, искрена и прилично точна изјава за НБА.
„Знаете што најмногу ме нервира? Кога гледам финале на НБА, и ќе се се наречат еве ги шампионите на НБА и светски шампоиони. На што светски шампиони? На Соединети Американски Држави?
Да не ме сфатите погрешно но привремено ги обожавам САД но тоа не е цел свет, не може да биде светот. Ние (атлетичарите) сме светот. Ја имаме речиси секоја земја тука да се бори и да го става знамето за да покаже кого претставува. Во НБА нема знамиња“, рече Ноа Лајлс пред новинарите.
На ова веднаш реагираа од НБА. „Некој нека му помогне на братов“, иронично и навредливо напиша Кевин Дурент на Инстаграм а неговиот соиграч од Феникс Санс Девин Букер додал луто емоџи како реакција на коментарите на Лајлс.
Погодени се осетија многу супер ѕвезди од НБА, па така Арон Гордон напишал дека го предизвикува Ноа Лајлс на 200 метри, центарот на Мајами Бам Адебајо напишал: “Лол, ќе му каже ли некој?“, Драјмонд Грин од Голден Стејт додал: „Кога сакаш да се правиш паметен ама ќе отиде во погрешна насока“.
Дамијан Лилард од Портланд Трејл Блејзерс напишал кратко: TF или во превод The fuck.
Блесокот на Ноа Лајлс - новиот спринтерски змеј на 100 метри
Фантастични трки на 200 метри мажи и жени: Шерика и Ноа Лајлс до злато!