Фантастични трки на 200 метри мажи и жени: Шерика и Ноа Лајлс до злато!

Гордоста на Јамајка Шерика Џексон и Американецот Ноа Лајлс ја потврдија својата класа откако вечерва во финале на 200 метри стигнаа до златни медали!

Најдобриот спринтер на денешницата, Ноа Лајлс (26) по супер триумфот на 100 метри, вечерва славеше и во големото финале на 200 метри.

Американецот истрча 19,52 и стигна до второ злато на Светското првенство во Будимпешта, но беше далеку од рекордот на вечниот Усеин Болт за чиј подвиг рече дека ќе го надмине.

Успехот на Лајлс го зацементира овој американски спринтер во историјата на спринтот со две злата од Светско првенство и тоа на помалку од година дена од Олимписките Игри во Париз 2024 каде исто ќе биде главен фаворит.

Првпат после 2015-та и Усеин Болт, еден спринтер ги обедини двете злата од 100 и 200 метри на едно Светско првенство:

Второто место и сребрен медал освои 19-годишниот врвен талент Ерион Најтон од САД со резултат 19,75, а трет на подиум со бронзен медал се качи 20-годишниот Летсил Тебого од Боцвана со 19.81 секунди.

Ова е имено трето злато за Лајлс едно по друго на 200 метри откако освои и на Мундијалот 2019 во Доха и во Јуџин лани во 2022.

Во женската трка, Шерика Џексон стигна до златото откако 200 метри истрча за 21,41 и прва мина низ целта. Шерика притоа го забележа второто најдобро време на 200 метри во женска конкуренција во историјата. Првото и натаму го држи Флоренс Грифит-Џојнер остварен пред 35 години кога истрчала 200 метри за 21.34 секунди.

Златната девојка од Јамајка го одбрани златниот медал освоен лани во Јуџин а ова и е вкупно 10-ти медал на светските првенства.

Втора заврши Американката Габи Томас со 4 стотинки помалку а Шакари Ричардсон која блесна на 100 метри, вечерва во финалето на 200 метри ја освои бронзата со секунда зад победничката.

Второто место и сребрен медал освои 19-годишниот врвен талент Ерион Најтон од САД со резултат 19,75, а трет на подиум со бронзен медал се качи Летсил Тебого од Боцвана со 19.81 секунди.

Ова е имено трето злато за Лајлс едно по друго на 200 метри откако освои и на Мундијалот 2019 во Доха и во Јуџин лани во 2022.

Што се однесува до другите финални средби на СП во Будимпешта, јапонската гордост Харука Китагучи освои златен медал во фрлање копје со остварување 66,73 а Кубанката Јулимар Рохас во трискок освои ново злато по блескав скок во шестата серија - 15,08 метри.

Ова беше рекордно четврто злато на Светско првенство по ред за Јулимар Рохас со што влезе во вечноста. 

25 август 2023 - 22:00