После долго време рекордите на неприкосновениот Усеин Болт се размрдани. Американецот Ноа Лајлс во Будимпешта дојде како двократен светски шампион на 200 метри (2019, 2022) и како спринтер кој има истрчано само 10 стотинки послабо време на 200 метри од светскиот рекорд на Болт.
Ноа Лајлс е специјалист за 200 метри и првпат во својата 7-годишна професионална кариера трча 100 метри на Светско првенство.
Токму овој 26-годишен Американец е најблизу до рекордите на славниот Јамајчанец. Ноа Лајлс на Дијамантската Лига во Лондон истрча 200 метри за 19,47 со што стигна до 10-то најбрзо време во историјата но и единствен од активните атлетичари кои може да ги загрози рекордите на вечниот Болт.
#Budapest2023 🇭🇺 - 🏃♂️ 100M (0.0)
— MR.CARTER (@NelsonCarterJr) August 20, 2023
🥇 Noah Lyles 🇺🇸 9.83 =WL
🥈 Letsile Tebogo 🇧🇼 9.88 NR .873
🥉 Zharnel Hughes 🇬🇧 9.88 .874
4. Oblique Seville 🇯🇲 9.88 .877
5. Christian Coleman 🇺🇸 9.92 #Athlétisme #WorldAthleticsChampspic.twitter.com/lsBoIFUauE
Златото на Ноа Лајлс е 12-ти златен медал на 19 Светски првенства во дисциплината 100 метри мажи. Лајлс притоа го израмни и најдобриот резултат на сезоната кој претходно го истрча Британецот Жарнел Хјуз.
Четвртото место му припадна на Облик Севил од Јамајка а петти заврши Кристијан Колман од САД.
НАЈГОЛЕМА НАДЕЖ НА СПОРТСКА АМЕРИКА
Во ситуација кога американската јавност очекува злато од кошаркарската селекција на Светското првенство кое ќе се игра во Кина, Индонезија и Филипини, фокусот во меѓвуреме е свртен кон Ноа Лајлс.
За овој млад Американец веќе е снимена документарка на Peacock „Chasing Lightning”, која имала премиера на 18-ти август а во следната епизода ќе се појави и Усеин Болт.
Американците посветуваат големо внимание на спринтерите па на последните три Светски првенства имаа страшни состави: Лондон 2018 - Џастин Гетлин, Доха 2019 - Кристијан Колмен, Јуџин 2022 - Фред Керли.
Конкуренцијата е до толку пеколна што еден Керли дури ни не се пласираше во финале на Мундијалот ега во Будимпешта а претходните медалисти од претходното Светско првенство, Марвин Брејси-Вилијамс и Трејвон Бромел не стигнаа ниту до Мундијалот.
Веќе четврто Светско првенство по ред шампионот е Американец.
Ноа Лајлс е и прилично духовит и редовно се шегува со новинарите.
„Видовте како истрчав последните 30 метри? Е тоа е новиот Ноа Лајлс, запомнете го. Истрчав на друго ниво и тоа ќе ми помогне да истрчам топ-резултат на 200 метри. Ми викаа дека не сум создаден за 100-ки. Ме убедуваа. И? Фала му на Бога дека сум. Дел од работата веќе ја завршив, но пред мене има уште две победи - 200 метри и 4х100.
Големата трка на 200 метри во машка конкуренција е закажана за в петок вечер.
**********************************************