Најдобриот светски тенисер кој одново е прв на ранг листата, сега во 3. коло ќе игра против својот сонародник Ласло Ѓере.
Новак Ѓоковиќ против Ѓере ќе игра на култниот стадион „Артур Еш“, а пред мечот со својот пријател имаше само комплименти за него и неговиот голем успех што стигнал до 3. коло на УС Опен.
Српскиот тенисер чепна и една незгодна тема во светот на спортот. Тој вели дека поради обложувалниците спортот генерално станал многу поагресивен, потензичен за професионалните спортисти низ годиниве.
„Ние спортистите имаме пари, внимание, слава, тоа ни отвора многу врати, но постои и друга страна од приказната. Жалам што спортот се претвори во бизнис, тоа е посебно изразено кај нас, но и во другите земји. Зборувам за обложувалниците“.
„Кладилници има на секое ќоше, станаа чести како пекарите на времето. Обложувалниците станаа дел од секојдневниот живот, многу луѓе се обложуваат, се ставаат себе во незавидна финансиска положба и ризикуваат за да се обложат на кошаркарски, фудбалски или тениски меч. Обложувалниците направија да има многу повеќе тензија во спортот, ова го немаше во толкава мера кога јас почнував со тенисот. Ако еден дуел не пројде како што треба, спортистите добиваат многу закани, има многу притисоци.
„Ние спортистите многу заработуваме и многумина мислат дека не треба да зборуваме на оваа тема. Кога ќе се отвори оваа тема, ми велат: Што има ти да зборуваш, ти си мултимилионер! Веројатно ќе добијам критики за ова што го зборувам, но исто така мислам дека многу спортисти ќе се согласат со мене. Обложувалници има премногу, ги има на секоја телевизија, доминираат и луѓето мислат дека така најбрзо ќе заработат. Или не се гледа проблемот, или некој намерно го игнорира. Многумина се свесни за ова, но намерно се игнорира. Државите не работат за да се регулира овој модел, да се оттргне младината од такви работи. Треба да се запрашаме во каква околина ќе растат нашите деца“, изјави Србинот.
VINTAGE Novak Djokovic 👏
— Tennis TV (@TennisTV) August 30, 2023
📹 - @usopen #USOpen
pic.twitter.com/vNXvBWapsS