Во машкиот фудбал очекувано за најдобар за минатата сезона беше прогласен Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Норвежанецот во прва сезона со Сити освои тројна круна, стана најдобар стрелец во Премиер лига а играше и голема улога во освојување на пехарот во Лига на шампиони.
За најдобар тренер беше прогласен Пеп Гвардиола кој донесе историска триплета во Манчестер.
Во женска категорија, награда за најдобра фудбалерка од минатата сезона доби Аитана Бонмати од Шпанија, член на Барселона.
Аитана Бонмати ја одигра најдобрата сезона во кариерата. Таа имаше клучна улога во доминацијата на женската екипа на Басрселона која ја освои титулата во Шпанија со сјајни 85 од можни 90 бодови (со 10 разлика во однос на второпласираниот тим).
Женскиот состав на Барселона постигна минатата сезона 118 гола и ја освои женската Лига на шампиони. Јаготка на тортата на голем број фудбалерки на Барса беше светската титула на репрезентацијата на Шпанија која стана светски шампион на турнирот игра во Австралија и Нов Зеланд.
Аитана Бонмати е родена на 18 јануари 1998-ма година близу Барселона. Уште од 13 години влегла во системот на каталонскиот клуб. Играла за Барса Б и кога го забележале нејзиниот талент веднаш била прекомандувана во прв тим. Дебитирала на 16 години, а во 2019-та година играла во првото финале на Лига на шампиони.
Женската екипа на Барселона во 2021-ва ја освои Лигата на шампиони, а исто и лани во 2022-ра на крилјата на Аитана Бонмати која што во целост ја замени сјајната Алексија Путељас која е двократна освојувачка на Златна топка како најдобра фудбалерка на светот.
Во женското финале на ЛШ за 2022/2023 Волфсбург имаше два гола предност на полувреме против Барселона но шпанскиот состав направи пресврт и славеше со 3:2 за нов трофеј. Бонмати беше прогласена за најдобра фудбалерка на финалето.
Аитана на неодамна завршеното Светско првенство на кое со Шпанија освои златен медал, постигна 3 гола и имаше 2 асистенции на 7 меча. Два пати беше прогласена за играч на мечот.
За тренер на годината во женски фудбал беше прогласена Сарина Вигман, Холанѓанка, селектор на Англија. Таа ја доби наградата по врвните резултати што ги прави во последно време.
Интересно, во говорот откако ја доби наградата Вигман го посвети признанието на репрезентацијата на Шпанија која стана светски првак токму по триумф над Англија во финалето.
Извлечени супер групи за Лига на шампиони: Баерн ќе оди во Манчестер, Сити во Белград