Рид се претставува како тик токер со 500.000 следбеници, но и музичар кој одлично звучи со гитара. Ќе се уверите откако ќе видите како фаќа наши, српски и хрватски песни. И Васко Жабата ја пее :).
Мотивиран од еден говор на Ѓоковиќ, напишал песна за него со надеж дека ќе може да му ја испее во живо. И му успеа во Њујорк, каде се сретнале деновиве додека Новак се натпреварува на УС опен.
Купил и Југо, а со Ѓоковиќ фаќаат и една позната песна од Мирослав Илиќ.
Позадината на средбата со Ѓоковиќ
Целата песна за Ноле
Џастис Рид снимил видео кое станало вирално на Балкан и од тогаш на барање на фановите, редовно снима видеа кои стануваат мега популарни на екс ју просторите.
Практично на Тик Ток и Инстрагам веќе има богат контент за нашиве простори со познати македонски, српски, хрватски хитови. Одличен е.
Прво малку комедии со Југото, со кое поминал 5.000 км низ цела поранешна Југославија, а потоа музика.