Богдан Богдановиќ од Атланта Хокс имаше шут за три 1/13 што е незапаметено кај бек-шутер во современата кошарка. Италијанците во 2021-ва година дојдоа во Белград на квалификациски турнир за Олимписки Игри и во улога на голем аутсајдер ја совладаа Србија среде Белград.
Лани во 2022-ра во 1/8 финале на Европското првенство во Германија, Србија имаше +16 во третиот период од мечот со аѕурите но на крај Николо Мели, Спису, Фонтекио, Џиџи Датоме и лудиот селектор Поцеко ја однесоа важната победа.
Така беше и денес во Манила на Филипини каде Италијанците борбено и со неверојатно прецизен шут за три поени ја разбија играта на селекторот на Србија Пешиќ.
27-годишниот Симоне Фонтекио ја предводеше Италија на која ова и беше меч да се биде или не затоа што веќе претрпеа еден пораз во претходната фаза. Кошаркарот на Јута Џез постигна неверојатни 30 поени со 7 скока и 3 асистенции.
30-piece. Clutch bucket. W over Serbia. HIM-ONE FONTECCHIO. 💪 #FIBAWC x #WinForItalia 🇮🇹 pic.twitter.com/jzEua5TRPA
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) September 1, 2023
Голем удел имаа и Марко Спису со 14 поени, 5 скока и 2 асистенции како и Луиџи Датоме со 10 поени. Кај Србија тројца играчи беа троцифрени, Богдановиќ постигна 18 поени со 3 скока и 4 асистенции но и со катастрофален шут 1/13 за три поени. Добриќ додаде 15 поени а Милутинов 14 поени со 12 скока.
Во следното коло од оваа група Италија ќе игра против Порторико а Србија против Доминиканска Република за пласман во следната рунда.
На останатите натпревари денес, Црна Гора пружи одличен отпор против САД но на крајот мораше да потклекне и изгуби 85-73. Германија убедливо со 100-73 во меч во кој Германците постигнаа 20 тројки славеше против Грузија.
На програата се уште натпреварите: Доминиканска Република - Порторико, Словенија - Австралија, Литванија - Грција и Канада - Бразил.