Offside

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

Историски гол на римското дерби, Рома го прегази Лацио

Како ретко кога во последниве години, фудбалерите на Рома го декласираа најголемиот ривал, Лацио во вечното римско дерби 3:0. Романистите поведоа уште во 56’ секунда од мечот преку англискиот центарфор Теми Абрахам кој искористи една одбиена топка по корнер.

Супер голови на новата надеж на македонскиот ракомет - Павле Атанасијевиќ

Селекторот и играч Кире Лазаров врши одлична работа со постепена смена на генерацијата. Неколку млади, перспективни ракометари веќе ја почуствуваа дражта на Светско и Европско првенство, а некои сега добија шанса да се докажат. Дебитантот од првиот меч Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2 постигна два убави гола на натпреварот со Романија.

Македонија ја мина првата пречка, сега со Чешка за пласман на Светско

Македонската репрезентација вечерва во Букурешт имаше луксуз да си дозволи пораз 24-22, па со оглед на убедливиот триумф од Скопје 30-22 на првиот меч, одиме на мегдан со силната Чешка за карта за Мундијал.

Трансфер пазарот на Барса е полн погодок

Сте ѕирнале ли како и оди на Барса во последно време? Со оглед на завршувањето на една ера по име Меси, топ им оди на дечките. Се гледа дека Чави знае што работи, а трансферите им се ептен погодени.

На Мурињо пак му се падна тимот од кој го доживеа најголемиот срам во кариерата

На 21 октомври 2021-ва, норвешкиот Бодо Глимт со 6-1 ја растури Рома и и го нанесе еден од најтешките порази во клупската историја. Мурињо го напушти мечот како покиснат. Сега во четвртфинале на Лига Конференции, истиот турнир каде изгубија во групна фаза, пак им падна норвешкиот клуб.

Ждрепка за Лига Европа: Барса ќе оди во југо-западна Германија

Час и половина по ждрепката за Лига на шампиони која донесе врвно четвртфинале во најава, се извлекоа и паровите за второто по ранг натпреварување на УЕФА. И тука има симпатични дуели кои ќе бидат супер за гледање.

Мега спектакли во Лига на шампиони: Челси против кралскиот клуб, Атлетико пак во Манчестер

Попладнево во Нион, во седиштето на УЕФА се влечат ждрепки за најважните клупски турнири. Прва на ред беше најатрактивната - Лига на шампиони. Се паднаа луди парови, ќе се гледа одличен фудбал.

Кога двајца се караат, голманот користи

Лион и Порто одиграа извонреден реванш во Лига Европа. Мечот заврши 1-1, францускиот тим оди понатаму во четвртфинале зошто првиот дуел го добија 0-1 па со вкупни 2-1 се во следна рунда. На крајот буквално во последните секунди од мечот Лукас Пакета и Усем Оар се сплеткаа во себичен обид кој попрв да даде гол.

Кирјос го рокна рекетот од земја и за влакно не погоди дете

Нов испад на Ник Кирјос кој загуби 2:1 од Надал во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Веднаш по поздравувањето нервозата му ја истури на рекетот, но куртули благодарение на брзата реакција на детето кое собира топки.

Навивачка верзија на All We Are Saying Is Give Peace a Chance

Црвена звезда со 2-1 го совлада Ренџерс и не успеа да ја надомести негативата од три гола од првиот меч. Дуелот на стадионот „Рајко Митиќ“ со шкотскиот првак го следеа преку 50.000 навивачи. Покрај почетната кореографија со грбот на омилениот клуб, навивачите на Звезда се осврнаа и на актуелната политичка состојба во светот.

Елиминациите на Севиља и Бетис во 112 и 121-ва минута

Три шпански екипи денеска ќе ја чекаат ждрепката за ЛШ, ама ниту една во ЛЕ. И двата претставника паднаа во продолженијата. Украинецот Јармоленко го елиминираше специјалистот за ЛЕ на 8 минути до крајот, а пенали не дозволија ниту фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт кои со помош на автоголот на Родригез, го шутнаа Бетис во последните мигови од средбата.

Мурињо не памти таков волеј во кариерата

Жозе Мурињо во Рим повеќе се забавува и објавува слики по Инстаграм отколку што сериозно работи со екипата која уште од старт на сезона ја составија по португалски терк со спортскиот директор од Португалија. Не им оди како треба а се спасија и во Лига Конференции каде во реваншот губеа 0-1 од Витезе и се спасија дури во 90’ минута со гол на Абрахам.

ПСВ смислил добра финта како да избегне огномет пред хотел сред ноќ

Никој не може со сигурност да тврди од каде проистекна таа „пракса“ домашни навивачи среде длабока ноќ да се прикрадат околу хотелот каде спие гостинската екипа вечер пред натпреварот, ама факт е дека се користи сè повеќе ширум Европа. Епа од ПСВ Ајднховен нашле фора како да избегнат.

Ново врзување за статива во Премиер лигата, овој пат за врат

Само еден ден откако цела англиска јавност, а и пошироко, му се чудеше на падобранецот на Емирати кој се врза со рацете за статива, истото се повтори и на Гудисон парк. Се работи за протест.

Дефанзивците на Галатасарај во дуел со Педри, сами се праќаа по цигари

Барселона е четвртфиналист во Лига Европа откако со пресврт (1:2) го доби гостувањето против Галатасарај. Во центарот на вниманието е голот на Педри на израмнување кој го споредуваат со мајсторските голови на Меси. Клизаа во празно, како први, така други.

Шоуто на Талески против Романија

После сите критики и плукања, Филип Талески одигра натпревар за паметење, можеби најдобар во дресот на македонската репрезентација. Беше екстра мотивиран, ослободен од стеги и полн со самодоверба, а Романците немаа лек за неговите проектили. Едноставно ги растури, а од трибините во еден момент се скандираше неговото име.

Кај што игра Македонија, таму е и Мрме

Не промаши утакмица на македонската фудбалска репрезентација откако го сменија, а еве го вечерва и дава поддршка и на ракометната. Вода не го оставија да се напие на полувреме, човекот кој за прв пат ги однесе фудбалерите на Европско.

Македонија ја декласираше Романија, блесок на Талески со 10 гола

Македонската ракометна репрезентација обезбеди убава предност од +8 во првиот бараж меч за СП против Романија со која за само два дена игра реванш на гости. Мотивираниот Филип Талески експлодираше во напад.

Повикот да играш за својата земја многу значи

Жонатан Клаус е десен бек во францускиот Ленс. Игра одличнас сезона и има 4 гола на 27 натпревари. Денес селекторот на светскиот шампион Франција, Дидие Дешам го читаше поширокиот список кој во Ленс го следеле будно. Кога го слушнале името на нивниот другар скокнаа во еуфорија.

Навивачи на ПСЖ го малтретираа Курзава поради елиминацијата од Реал Мадрид

Не е лесно да си член на дрим тим, а да не можеш да освоиш Лига на шампиони. Ќе те сретнат на улица напорни ликови и ќе те замараат. Еден ќе те гура во сопствената кола, друг ќе те снима и така. Како што тоа му се случи на бекот Курзава.

Кој е поранешниот НБА играч роден во Русија кој замина да се бори на украинска страна?

Низа на украински спортисти во овие кризни денови ја баталија топката и се фатија за пушка. Некои од нив за жал загинаа млади. Меѓу фудбалерите открија и еден шпиун, а меѓу последните на фронтот излезе и славен кошаркар кој е поранешен олимписки првак со Советскиот сојуз.

Не ни требаат шеици за да го сакаме клубот - бајката Виљареал, клуб кој го прави среќен цел град

Мал, симпатичен град, обединет околу „жолтата подморница“, симбол на регионот Кастељеон. Клуб кој го прави среќен и горд секој жител на Виљареал.

Немаше дерман за фудбалерите на Барселона во Истанбул

Уште од времето на Хакан Шуќур, Хасан Шаш, Умит Давала и Рушту Реџбер немало ваква еуфорија кај навивачите на некогашниот освојувач на Куп на УЕФА. По храбрите 0-0 на Камп Ноу, вечерва Галатасарај на домашен терен ќе се обиде со помош на преку 50.000 френетични навивачи да ја урне големата Барса. Каталонците уште синоќа дерман немале сред ноќ во хотел.