Евертон го доби Њукасл 1:0 со гол на Ивоби во 99-та минута, а натпреварот се играше со судиско продолжение од 16 минути. Причините за тоа беа што овој мечот беше во прекин 8 минути.
Толку време му беше потребно на обезбедувањето за да одврзе од стативата навивач кој сам се врза за врат.
Станува за збор за активист од групата „Just Stop Oil“, која протестира за новите нафтени полиња во Северното Море и кој пораката ја пренесе преку својата маица.
„2022 година е и време е да се погледне нагоре. Време е да се однесуваме како да е итен случај. Извештај по извештај ми кажува дека мојата иднина ќе биде страшна, а мојата влада ми вели да не се грижам и да плаќам пензија.
Но, ние имаме избор. Можеме да избереме и да истакнеме дека нашата клима се распаѓа, можеме да избереме да се спротивставиме на оваа влада што не предава, да се засилиме и да не стоиме на страна.
Нашата влада нè издава финансирајќи нови нафтени полиња во Северното Море. Новата нафта значи уништување на иднината на нашите деца. Тоа значи војна на малите островски држави и страдање за најсиромашните и во сите региони. Тоа е бесмислено."
За да се отстрани 21 годишниот навивач, обезбедувањето морало да користи клешта за арматура, иако според тоа што се гледа на видеото и со тој алат не одело лесно.
Овој протест на Гудсион Парк, следува само еден ден после оној на мечот Арсенал – Ливерпул на кој навивач се врза за стативата со раце.
„Извинете што ја прекинав вашата игра, но никој не слуша ако не правиме вакви луди срања. Оваа прекрасна игра, како и вашите животи, ќе биде нарушена од сè поекстремни временски настани во годините што доаѓаат“, стои на Твитер профилот на активистите.
The Everton-Newcastle match has been delayed after a fan came on the pitch and tied themselves to the post. pic.twitter.com/3r872uxZmI
— ESPN FC (@ESPNFC) March 17, 2022
Anti-oil protester ties himself to the goalpost at Everton vs Newcastle.
— Sam Street (@samstreetwrites) March 17, 2022
Then an Everton fan runs onto the pitch and throttles him.#evenewhttps://t.co/i8n0Bj2VqX