Навивачите на Галатасарај ноќта меѓу среда и четврток со долготраен огномет ги буделе играчите на Барселона ама тоа не им заврши голема работа зошто Каталонците славеа 1:2 и одат понатаму.
А ПСВ Ајндховен на гостувањето кај Копенхаген смислил добра финта. Марио Геце ја откри: „Го паркиравме автобусот пред друг хотел и спиевме како бебиња“.
'We placed the bus at another hotel' 🤣#FCKPSV #UECL
— PSV (@PSV) March 17, 2022
ПСВ со 0-4 го декласираше Копенхаген и со вкупни 8-4 (првиот меч во Ајндховен заврши 4-4) оди во четвртфинале на Лига Конференции.
Но ако играчите безбедно и мирно го одработија гостувањето во Копенхаген, тоа не може да се случи за навивачите на ПСВ чии автобуси биле каменувани и скоро сите стакла искршени, па за Холандија се враќале со лепенки врз прозорите.