Немаше дерман за фудбалерите на Барселона во Истанбул
Уште од времето на Хакан Шуќур, Хасан Шаш, Умит Давала и Рушту Реџбер немало ваква еуфорија кај навивачите на некогашниот освојувач на Куп на УЕФА. По храбрите 0-0 на Камп Ноу, вечерва Галатасарај на домашен терен ќе се обиде со помош на преку 50.000 френетични навивачи да ја урне големата Барса. Каталонците уште синоќа дерман немале сред ноќ во хотел.