На Мурињо пак му се падна тимот од кој го доживеа најголемиот срам во кариерата

На 21 октомври 2021-ва, норвешкиот Бодо Глимт со 6-1 ја растури Рома и и го нанесе еден од најтешките порази во клупската историја. Мурињо го напушти мечот како покиснат. Сега во четвртфинале на Лига Конференции, истиот турнир каде изгубија во групна фаза, пак им падна норвешкиот клуб.

По ждрепките за четвртфинале во Лига на шампиони и Лига Европа, свои ривали добија и тимовите кои сезонава се натпреваруваат во Лига на Конференции.

Лига конференции, четврфинални парови:

ЛЕСТЕР - ПСВ АЈНДХОВЕН
БОДО ГЛИМТ - РОМА
ФЕЕНОРД - СЛАВИЈА ПРАГА
МАРСЕЈ - ПАОК

Четвртфиналните дуели се на програма на 7 и 14 април а полуфиналните натпревари се на 28 април и 5 мај. Финалето е закажано за Тирана на 25 мај. Интересно е што во групната фаза еднаш играа, а сега пак ќе се сретнат и Феенорд со Славија Прага.

Жозе Мурињо на прес-конференцијата по мечот со Витезе во 1/8 финале на кој прими гол од волеј од 25 метри, го закачна Лацио и нивниот тренер Сари со кого играат во недела големо градско дерби.

Парови за полуфинале:

Лестер - ПСВ/Бодо Глимт - Рома

Феенорд - Славија Прага/Олимпик Марсеј-ПАОК

Бајката на фудбалскиот клуб од крајниот север кој ги потопи Мурињо и Рома

18 март 2022 - 14:46