Мега спектакли во Лига на шампиони: Челси против кралскиот клуб, Атлетико пак во Манчестер

Попладнево во Нион, во седиштето на УЕФА се влечат ждрепки за најважните клупски турнири. Прва на ред беше најатрактивната - Лига на шампиони. Се паднаа луди парови, ќе се гледа одличен фудбал.

Четвртфинални парови во ЛШ:

Челси – Реал Мадрид
Манчестер Сити – Атлетико Мадрид
Виљареал – Баерн Минхен
Ливерпул - Бенфика

Првите четвртфинални средби се предвидени за 5 и 6 април, додека реванш дуелите на програмата ќе бидет по седум дена. Полуфиналињата се планирани за 26/27 април, односно 3/4 мај, додека големото финале на култниот „Стад де Франс“ е закажано за 28 мај.

Во самата завршница на елитното натпреварување останаа осум клуба: по три шпански и англиски, еден германски и еден португалски.

ДЕРБИ ВО ЛОНДОН И МАДРИД, МОЖНО ПОЛУФИНАЛЕ БАЕРН - ЛИВЕРПУЛ

Најинтересен дуел сигурно ќе биде оној меѓу актуелниот европски шампион кој се соочува со турбуленции откако британските власти му удрија жестоки санкции на Роман Абрамович кој го продава клубот што поскоро.

Реал Мадрид игра извонредна сезона во Лига на шампиони и ќе биде интересно да се види, после пресвртот со ѕвездениот ПСЖ, како ќе се справат со силниот тим предводен од Томас Тухел.

Во четвртфиналето ќе гледаме уште еден шпанско-англиски дуел меѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ водени од Чоло Симеоне веќе го урнаа Јунајтед пред неколку дена а сега за неколку недели повторно ќе мора да гостуваат во истиот град, но овојпат против многу посилен противник.

Ливерпул и Баерн Минхен поминаа релативно лесно на ждрепката затоа што добија посакувани ривали: црвнеите ќе играат против Бенфика а Баварците со шпански Виљареал кој не е за потценување, особено откако го декласираше Јувентус среде Торино.

Победниците од овие два меча ќе играат меѓу себе така што е можен спектакл Ливерпул - Баерн Минхен во полуфиналето.

18 март 2022 - 12:29