Постарите повеќе го знаат и сигурно ќе се сетат, бидејќи се пензионираше пред 20 години. Се работи за Александер познат како Саша Волков, висок 208 см, кој има 57 години.
Роден е во Сибир, ама неговите родители се Украинци, па од тие причини отиде да се бори во одбрана на украинската држава. Гневот му е уште поголем, бидејќи од бомбардирањето настрадала и нивната куќа во Чернигов.
Инаку Волков е освојувач на 6 медали со Советскиот сојуз: Злато на Олимијадата во Сеул 1988, Сребро на СП 1986 и 1990 и златен (ЕП 1985), сребрен (ЕП 1987) и бронзен медал (ЕП 1989).
Кариерата ја почнал во украинскиот клуб Строител во 1981-ва, потоа настапувал во ЦСКА Москва, а од таму во Атланта Хокс каде бил член во периодот 1989-1992.
Ниту еден друг кошаркар од Советскиот сојуз претходно немал привилегија да стапне во НБА лигата. Волков го пробил мразот и бил избран на драфтот во 1986-та, но морал да чека три години, бидејќи Русите не го пуштале.
На 3 ноември 1989-та, Саша Волков ја испишува историјата, а втор е Сарунас Марсилионис. Шест дена подоцна падна Берлинскиот ѕид.
И покрај повредата што го принудила да отсуствува во сезоната 1990/1991, тој успеал да се пробие на 149 натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот и да оствари просек од 6,8 поени, 2,6 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Неговиот пат потоа се движи кон Италија и Грција во дресовите на Реџо Калабрија, Панатинаикос и Олимпијакос, каде има освоено домашни трофеи.
Откако се пензионирал како играч во 1995 година, се вратил на теренот во 2000 година за да игра за БК Киев. Тој бил еден од основачите на клубот, а подоцна и претседател на тимот со седиште во главниот град на Украина.
Во 2007 година, Волков беше избран за претседател на Кошаркарската федерација на Украина, а еден период бил активен и во политиката.
Пред две години влезе во Куќата на славните на ФИБА.
2006 i 2022. Alexander Volkov. Un horror 🇺🇦 pic.twitter.com/ELyMvtvdFa
— Jordi Villacampa (@villacampa8) March 9, 2022
Повеќе за шпиунот тука.