
Некогашниот голман Андрес Палоп освои дури три пехари во Лига Европа со Севиља. Финалето на Лига Европа сезонава ќе се игра во Андалузија, па Палоп беше гостин на извлекувањето на ждрепката во седиштето на УЕФА.
Германски РБ Лајпциг е пласиран директно во четвртфинале без да игра осмина финале откако нивниот ривал Спартак Москва беше исфрлен од турнирот од УЕФА поради воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Лига Европа, четвртфинални парови:
РЕД БУЛ ЛАЈПЦИГ - АТАЛАНТА
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ - БАРСЕЛОНА
ВЕСТ ХЕМ - ОЛИМПИК ЛИОН
БРАГА - РЕНЏЕРС
Победникот од првиот дуел ќе игра против победникот од четвртиот извлечен пар, а подобриот од вториот извлечен пар ќе игра против победникот од третиот пар.
Првите натпревари се на 7 април, реваншите на 14 април. Првото полуфинале подоцна ќе се игра на 28 април со реванш на 5 мај а финалето е закажано за прекрасниот стадион „Рамон Санчез-Писхуан“ во Севиља на 18 мај.
Домаќинот на овој стадион нема да може да игра за титулата во Лига Европа зошто испадна во осминафиналето од Вест Хем со примен гол во продолженијата.