Offside

Оукленд Сити е приказна за себе. Се работи за разновидна постава на луѓе, која е во силен контраст со професионалните екипи. Тие всушност не се фудбалери и имаат други професии. Еден од нив е бербер, а друг ќе полага испит на факултет за време на турнирот. Но, им се падна Баерн.

Судија, торнадо дојде, свири прекин

Во финалето на аматерскиот Куп на Перу меѓу Семиљерос и Сан Андрес во еден момент необичен вртлог доаѓа на теренот и на кратко го прекинува мечот.

Кевин е играчиште, четири гола даде на гости

Манчестер Сити е сè поблиску до одбрана на титулата во Премиер лига. Моќта во 36. коло ја демонстрираа против Вулверхемптон на гости кој го декласираа со 1:5. На две кола до крај разликата пред Ливерпул останува на +3.  

Спектакуларно Куп финале во Рим со 6 гола, голчишта на Барела и Перишиќ

Јувентус и Интер приредија шоу на Олимпико во финалето на италијански Куп кое го доби Интер со 2:4 по продолженијата, 2:2 во регуларните 90.

Барса со Куман vs Барса со Чави

Споредбата е како да ви кажеме, мравка и слон, а поткрепа се резултатите. Кој знае што ќе беше ако Чави ги водеше од почеток на сезонава.

Букер го пецна Дончиќ

Феникс Санс со 110:80 го растурија Далас Маверикс и поведоа 3:2 во полуфиналната серија од Западот. Најдобриот кошаркар на домашниот тим Девин Букер и најдобриот играч на гостите Лука Дончиќ постигнаа по 28 поени. Букер во еден момент после фаул падна на паркетот и лежеше подолго време. Навивачите се смрзнаа од страв да не му е нешто, а тој всушност да го имитирал Лука Дончиќ.

Ѓоковиќ веќе го има поенот на Мастерсот во Рим

Со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2), Новак Ѓоковиќ го збриша Аслан Карацев од Русија во првото коло и обезбеди осминафинале во Рим. Во ниту еден момент не смее да се олабави човек во дуел со него. Погледнете го што стигна и како ја запали италијанската публика.

Функционер во албанска влада учествувал во грабежот на вилата на капитенот на Реал Мадрид Карим Бензема

Извесен Алфред Продани, доскорешен директор на Јавното претпријатие Водовод во областа Курбин во Албанија, бил дел од организирана криминална банда која ограбила најмалку десет елитни вили во Шпанија.

Македонското знаме на новиот патриотски дрес на Украина

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко го презентираше дресот „Обединети за Украина“ на кој стојат знамињата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Косово...

Официјално: УЕФА го смени системот на Лига на шампиони, ќе се игра нешто сосема поинакво

Се бореа против Суперлига а донесоа одлуки бетер од идеите за Суперлига. Од најбогатите за најбогатите, а се одзема место од послабо рангираните и поскромни клубови. Бизнисот во прв план.

Халанд од детство навивал за клубот во кој доаѓа на 22 години

Иако многу фудбалери на претставување во нов клуб куртоазно изјавуваат дека од мали нозе навивале за тој клуб и им било сон еден ден да заиграат за него, а често се подалеку од вистината, тоа не би можело да се каже за најголемата млада ѕвезда на европскиот фудбал.

Лекција за друг пат зошто не се гужва тикетот до последниот свиреж

Во спротивно може секој од вас кој уплаќа спортска од махер да стане тежок лузер и да го снима и да му се смее цела кладилница.

Дембеле со еден потег прати двајца на костозглобна

Барселона е се поблиску до зацврстување на втората позиција во Ла Лига откако синоќа на три кола до крај ја победи Селта со 3:1. Стрелци Депај и два пати Обамејанг. Осман Дембеле имаше две асистенции и дриблинг против двајца кои го загубија компасот кога тргнаа да му ја земат.

Роденденска честитка од ЕХФ за Кире Лазаров

Кралот на ракометот кој лета на ракометните паркети уште од 1995-та во дресот на Борец од Велес, наполни 42 години од кои 27 игра ракомет во сениорска конкуренција. Среќен роденден легендо.

Мегваер се поставува еден на еден како ветеран од 65 години

Манчестер Јунајтед сезонава има примено 56 гола, најмногу во топ 12 екипи на табела во Премиер лига и повеќе од 17-то пласираниот Барнли. Човеков кој го платија 80 милиони фунти има 200 кикса сезонава, а кај Фергусон би немал место ни на клупа. Погледнете го каков шаховски потег извади.

Историската тројка на Стеф Кари со која влезе во вечноста

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс одигра уште една блескава партија, овојпат против Мемфис во плејофот и ги однесе воините на 3-1 во серијата. Кари на овој меч ја постигна и јубилејната 500. тројка во плејоф кариерата со што е апсолутен лидер на оваа табела во плејоф натпревари.

Рибери направи голем инцидент

Франк Рибери и Салернитана жестоко се борат за опстанок во италијанската Серија А. На мечот со Каљари водеа 1-0 со гол од пенал за да во буквално последните секунди примат гол и освојат само бод против директниот ривал за прволигашки статус.

Шкупи и покажа на Шкендија како се пречекува шампион

Новиот македонски првак Шкупи едвај спаси жива глава на гостувањето кај ланскиот првак Шкендија. Се јавија со реакција за низата инциденти кои се случија во Тетово и ги потсетија тетовци како тие беа пречекани во Чаир.

Видео кое покажува како Салах го игнорира Луис Диаз

Црвените беа на фантастичен пат да го урнат моќниот Манчестер Сити. Ја намалија големата бодовна разлика, ги притиснаа храбро, долго време им дишеа во врат но на крај се лизнаа со Тотенхем (1:1) и Пеп избега 3 бода на 3 кола до крајот. Уште ништо не е готово секако за Ливерпул кој ќе мора да победува и да чека кикс на Сити.

Академија Пандев направи кафанска прослава за душа за излезот во Европа

Во 2010-та почнаа како академија, во 2014-та направија сениорски тим, во 2017-та влегоа во прва лига, а од тогаш редат импресивни успеси: Освоија Куп на Македонија и втора година по ред ќе се борат во квалификации за меѓународна сцена. Живели момци, собиранкава ви е скроз заслужена.

Навивачите на Манчестер Јунајтед го избраа тимот на сезоната

Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер, Карик, Рангник. Никој не успеа да го оправи Манчестер Јунајтед после заминувањето на Фергусон, а догодина прави 10 години без титула во Премиер лигата. Во моментов е шести со рекордни 56 примени голови, без ново учество во ЛШ и незагарантиран пласман во ЛЕ. Од толку што се јаки, а изгледаат јаки на карта, произлезе спрдња на сезоната.

Сите интриги и на кој што му треба за титула, еврокупови, опстанок ширум Европа

Се гледа крајот на уште една сезона во најдобриот европски фудбал. Во топ 5 лигите има уште некои отворени прашања.

Потопениот фудбалски стадион кој може да се спрема за ватерполо

Италијанскиот четвртолигаш Черињола треба да го пречека Бриндизи во Серија Д, италијанска четврта лига, ама им врне 126 милиметри дожд за 3 часа, најмногу што имале после 1952 година.

Сите голови на фантастичниот Бразил на Мундијал 1982

Сократес, Едер Алеишо, Лизињо, Сержињо Чулапа, Зико и многу други големи мајстори на фудбалската топка, на Светско првенство 1982 кое се играло во две групни фази, во првиот дел ги растура Советски Сојуз, Шкотска и Нов Зеланд. Ја победува и Аргентина но губи од Италија која подоцна стана светски шампион.