
УЕФА конечно го утврди новиот формат на еврокупови кој ќе почне да дејствува од сезоната 2024/2025. Деталите се договорени, швајцарскиот систем ќе стапи на дело.
ШТО БЕШЕ ТОА ШВАЈЦАРСКИ СИСТЕМ?
УЕФА во еден момент го достигна пикот од приходи од Лига на шампиони и за нов пазар потребно им било да предложат нешто ново и како последица, поскапо. Така се решиле да донесат нова одлука: а) повеќе натпревари, б) повисоко конкурентни натпревари.
Прва задача им била да го решат проширувањето на системот. Во моментов системот подразбира 32 клуба во Лига на шампиони, а во иднина ќе бидат 36. Во групна фаза имаше 6 кола (4 тима секој со секого дома и гости), сега ќе има табела во која секој тим ќе игра 8 натпревари (4 меча дома и 4 на гости).
За да имаат повисоко конкурентни клубови го усвоиле швајцарскиот систем, смислен за шах. Веќе нема да има делење на помали групи, туку сите 36 клуба ќе бидат во една иста табела (како во кошаркарската Евролига со мала разлика што таму секој игра со секого).
Ќе има 144 натпревари во првата фаза наместо 96 колку што има досега. Ова е предвидено за да има почести судири меѓу најголемите и најбогатите клубови со цел да се привлече уште поголем интерес.
НОВИОТ ФОРМАТ НА ЛИГА НА ШАМПИОНИ ОД СЕЗОНА 2024/2025:
- Бројот на клубови ќе се зголеми од 32 на 36
- Ќе има една единствена табела наместо групна фаза како сега
- Најмалку 8 меча сигурно ќе игра секој клуб
- Од четирите нови места, едно место ќе припадне за третопласираниот тим во петтата лига на УЕФА ранг листата, првенство чиј третопласиран тим досега почнуваше од 3. квалификациско коло. Следните две места ќе припаднат на лигите кои во претходната сезона освоиле најмногу бодови на УЕФА ранг листа, што значи дека најбогатите европски лиги најверојатно ќе имаат три дополнителни претставници во елитното натпреварување. Ова е на штета на помалите федерации и првенства.
- Последното четврто место ќе биде резервирано за „шампионскиот пат“ во квалификациите. Низ тие квалификации до групна фаза досега стигнуваа четири прваци на држави кои немаат директно место во Лига на шампиони, сега ќе бидат пет.
Клубовите ќе бидат распоредени во табела но според шешири, така што нема да игра секој со секого, туку против изедначени противници. Тие осум кола ќе се играат во 10 таканаречени „европски недели“. Две недели ќе бидат резервирани само за Лига Европа и Лига Конференции.
Првите осум тима на табелата автоматски би добиле карта за осминафинале, додека клубовите од 9-то до 24-то место би се бореле во плејоф за осминафинале. Исто така земјите ќе бидат ограничени на максимално пет клуба од една лига.
Исти промени ќе доживеат и Лига Европа и Лига Конференции кои исто ќе имаат по 36 тима во своите турнири. Овие промени почнуваат од 2024/2025.