Видео кое покажува како Салах го игнорира Луис Диаз
Црвените беа на фантастичен пат да го урнат моќниот Манчестер Сити. Ја намалија големата бодовна разлика, ги притиснаа храбро, долго време им дишеа во врат но на крај се лизнаа со Тотенхем (1:1) и Пеп избега 3 бода на 3 кола до крајот. Уште ништо не е готово секако за Ливерпул кој ќе мора да победува и да чека кикс на Сити.
Едно видео од фрустрирачкиот меч за Ливерпул со Тотенхем кој се бори за Лига на шампиони, покажува како Салах во повеќе наврати очигледно го игнорира разиграниот Луис Дијаз и не му ја подава: