Магдебург е нов европски шампион!

Европскиот ракометен крем има нов првак - во сè-германското финале Магдебург убедливо го совлада големиот фаворит Фухсе Берлин 32-26 (16-12) и стигна до големиот шампионски пехар во Лига на шампиони.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Фухсе Берлин и Магдебург сезонава одиграа меѓу себе пет натпревари. Три доби тимот од Берлин, но оној најважниот, една партија заврши нерешено, а во финалето за европски трофеј мечот го доби Магдебург.

Тимот од источна Германија по втор пат во само три години успеа да ја освои Лигата на шампионите а интересно и тогаш во финале го совлада Фухсе Берлин.

Најзаслужен за големиот историски триумф е Гисли Кристјансон со 8 гола. Омар Магнусон и Феликс Клар дадоа 6 погодоци а Серхи Ернандез на голот правеше чуда и запиша дури 15 одбрани!

Кај Фухсе Берлин 7 гола даде Матијас Гидсел, исто толку постигна и Хакун Тејгум.

Во натпреварот за трето место, нешто порано денеска Нант ја совлада Барселона 30:25.

 

15 јуни 2025 - 22:17