Кевин е играчиште, четири гола даде на гости

Манчестер Сити е сè поблиску до одбрана на титулата во Премиер лига. Моќта во 36. коло ја демонстрираа против Вулверхемптон на гости кој го декласираа со 1:5. На две кола до крај разликата пред Ливерпул останува на +3.  

Не постои тренер кој не би посакал играч од среден ред со 14 гола и 7 асистенции. Тоа е учинокот сезонава на Кевин Де Брујн само во Премиер лигата.

Синоќа имаше блескав настап со хет-трик за 24 минути и вкупно четири гола. Петтиот гол го постигна Стерлинг.

Инаку Белгиецот импресионираше што хет-трикот успеа да го постигне со послабата лева нога, а на крајот имаше идентична прослава како Халанд кој ги слави головите со раширени раце.

Но Кевин одговори дека така славел бидејќи речиси никогаш не се случува да постигне хет-трик, а не ни знаел дека Халанд така ги прославува головите.

Кевин Де Брујн ти е крал за длабочински топки

 

12 мај 2022 - 09:08