Offside

РК Вардар 1961 е нов шампион на Македонија откако синоќа во големото дерби убедливо со 15 гола разлика го совлада најголемиот ривал Еурофарм Пелистер 34-19 и математички ја обезбеди титулата.

Тинејџерска сензација, 15-годишно дете дебитираше за Барселона

Синоќа на „Камп Ноу“ гостуваше Бетис кој прими четири гола. При комфорно водство на Барселона и двајца играчи повеќе поради црвен картон за гостите и повреда на Хоакин без право на замена, тренерот Чави имаше луксуз да испише историја со еден потег.

Најдобриот фудбалски тим во историјата според Чет-ГПТ

Мега популарната компјутерска вештачка интелигенција не е дека не се разбира во фудбал. Има некои забелешки во коментари што ги нема Кројф, Зидан и Роналдињо, ама па кој попрво во први 11.

Спектакуларна инаугурација на новиот постер со Марадона во Неапол

Наполитанците имаат чудесна страст за фудбал и само нивната веројатно може во некој поглед да се спореди со онаа на Аргентинците. Додека бандата на Спалети им ја крчка титулата, тие вадат нов постер со Марадона и од тоа прават шоу, веројатно како потсетување на нивната најголема легенда која им ги донесе досегашните две Скудета.

Фина идеја на германска Фортуна Дизелдорф, ќе ја следат ли останатите?

Германскиот клупски фудбал со години е синоним за прави вредности. Трибините се полни, навивачите до уши вљубени во фудбалот, а клубовите строго се држат до традиционалното правило 50%+1 од акциите да им припаѓаат на навивачите. Сега од Дизелрдоф стигнува нова пријатна најава.

Шекил направи шега со маскотата на Атланта Хокс

Долго време Шек тврдеше дека Атланта Хокс ќе се врати од негатива 3-1 во плејоф серијата со Бостон, „јастребите“ намалија на 3-2 по сјајна партија на Трае Јанг, но синоќа Селтикс покажа дека е многу појак и ја затвори серијата со победа 128-120 и вкупни 4-2. Сега одат на Филаделфија, а Шек се пошегува на мајтапите во студио дека Хокс му испаднале.

Даниел Димевски му одговори на Борко Ристовски со тест прашалник

Претседателот на МОК спреми брз одговор за голманот на Вардар кој денеска одржа прес конференција на која рече дека ќе го тужи МОК на Спортскиот суд во Лозана. Се состои од 5 реторички прашања.

Пријателе, дај лото броеви

Околу 200 навивачи го бодреа белградски Партизан на мечот во Мадрид со Реал. Пред дуелот, новинари на Спортклуб прават репортажи околу салата и прашуваат двајца навивачи што мислат за резултатот. Радомир го здена од прва!

Гробари „го погребаа“ Јабуселе како професионален борач

Серхио Љуљ го направи клучниот потег по кој избувна групната тепачка во Мадрид, ама Гершон Јабуселе беше безобразно груб и насилен, до таа мера што на Данте Егзум му ја заврши сезоната. Навивачите на Партизан одговорија брутално.

„Шаќировка“ од корнер во Премиер лига и тоа ниска

После оние 6:1 над Тотенхем, Њукасл удри силно и против Евертон со гостинска победа од 1:4. Единствениот гол кој го примија гостите е директно од корнер, ама малку необичен. Го постигна Двајт Мекнил.

Колку босански гледач се задржува на натпревари од македонска лига?

Фудбалски фан од БиХ се пожали што тоа сè даваат на Спорт клуб. „Браќа Македонци, знаете дека ве сакам, ама ни вие реално не би ја гледале нашата Втора лига,“ се пожали човекот. Разумни луѓе сепак го потсетија дека може и полошо.

Шпанска Марка: „Реал од шампионска титула до најцрн пораз во историјата“

Шпанските новинари се едногласни во коментарите дека она што се случи пред крајот од вториот четвртфинален дуел меѓу Реал Мадрид и Партизан е срам за спортот.

Исак од Њукасл со дриблинзи какви не се паметат во Премиер лига

Во најбогатата, најгледана и најдобра светска фудбалска лига - Премиер, играле многу мајстори од разни земји на светот. Навивачите сведочеле неверојатни бравури, меѓу кои сигурно се вбројуваат и овие на шведскиот центарфор Александер Исак од Њукасл.

Обрадовиќ: Да возвратиме за феноменалното гостопримство и никој од Реал да не се почувствува непријатно

Жељко Обрадовиќ со сиот свој габарит и искуство, како прав господин уште веднаш после мечот додека е уште врел костенот, веднаш испрати порака до навивачите на Партизан како треба да се однесуваат кога Реал ќе дојде на гости.

Кошаркарите на Партизан пречекани на аеродром од навивачите

Доцна во ноќта, по пристигнувањето на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од Мадрид, кошаркарите на Партизан кој одиграа уште една маестрална партија и го растурија Реал Мадрид со 15 поени разлика на гости (80:95) во меч кој го одбележа уличарска тепачка, стотина навивачи на белградскиот клуб ги пречекале своите миленици.

Срамни сцени во Мадрид, кошарката на крај се претвори во кечери

Место да биде кошаркарски празник, второто соочување на Реал и Партизан во четвртфиналето од Евролигата се претвори во улична тепачка. Србите слават нова голема победа, а Данте Егзум заврши со патерици.

Жирона - Реал ли е, Силекс - Саса ли е?

Навикнати сме кај нас на фудбалски сцени со крави и волови на терен, гледачи по балкони и кровови, а и на софри со бели чаршафи. Ама дека ќе дочекаме момент како може да се гледа 14 кратниот првак на Европа од брдо и тоа во прва лига, немаше шанси да поверуваме.

Едно многу чудно слободно фрлање

Гран Канарија игра одлична сезона во Еврокупот и стигна до големото финале во овој втор по ранг турнир во европската кошарка. На домашен терен го совладаа Хувентуд со 89-86 а Кајл Гај во еден момент изведе слободно фрлање после кое топката фати чуден ритам.

Димитриевски vs Левандовски

Четврти натпревар по ред Рајо Ваљекано не губи од Барселона. Ланска сезона ги победија два пати по 1:0, а оваа прво 0:0, па синоќа 2:1. Еден од најјаките голгетери во свет, не може никако на крај да излезе со првиот голман на македонската фудбалска репрезентација.

Се враќа ли бе ваква убавица на лет?

Руската тенисерка Виталиа Диаченко не успеала да стигне на турнир и заглавила цел ден на аеродром поради тоа што во пасош и пишувало дека е Русинка.

Во ноември беа 16-ти, во април се пласираа во Премиер лига

Само два дена после Барнли каде тренер е Венсан Компани а во составот (но далеку од првите 11) е Дарко Чурлинов, сега и Шефилд Јунајтед обезбеди и теоретски пласман во богатата и најдобра светска лига - Премиер.

Најјаката тепачка за време на мечот Реал Мадрид - Партизан

Не знаеме каде, како и зошто тоа се случило, ама тајмингот е тој, а имаме и жив пример, односно учесник кој сам се пријави како жртва.