Голем триумф на Милан против ПСЖ, Шахтор ја совлада Барселона

Во четвртото коло од групната фаза во Лига на шампиони, во дербито на вечерта Милан со пресврт го совлада ПСЖ 2-1, Атлетико Мадрид до врв ја наполни мрежата на Селтик, а Манчестер Сити и Лајпциг ги оправдаа фаворитските улоги.

Во групата Ф која заслужено го понесе епитетот најсилна група во цела Лига на шампиони, и натаму се е отворено. Борусија Дортмунд го победи Њукасл со 2-0 и е прва со 7 бода, ПСЖ е втор со 6 бода, Милан има пет, а Њукасл е последен со четири бода.

Во дербито на вечерта, ПСЖ отвори со гол на Милан Шкриниар во 9' минута. Само три минути подоцна Леао израмни со прекрасен гол со полу ножички, негов прв погодок уште од 27-ми септември во сите натпреварувања.

Голманот на Парижаните, детето на Милан, Џанулиџи Донарума беше исвиркуван во текот на целиот меч а навивачите му фрлаа и штампани банкноти со цел да го потсетат дека го предал својот матичен клуб.

Во 51' минута конечниот резултат 2-1 го постави Оливие Жиру со гол на асистенција на неговиот сонародник Тео Ернандез.

Лига на шампиони, групна фаза 4. коло, резултати:

Група Е

АТЛЕТИКО МАДРИД - СЕЛТИК 6:0 (2:0)
/Гризман 6', 60', Мората 45+2', 76', Лино 66', Нигез 84'/

ЛАЦИО - ФЕЕНОРД 1:0 (1:0)
/Имобиле 45+1'/

Група Ф

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ЊУКАСЛ 2:0 (1:0)
/Фулкруг 26', Бранд 79'/

МИЛАН - ПСЖ 2:1 (1:1)
/Леао 12', Жиру 50' - Шкриниар 9'/

Група Г

МАНЧЕСТЕР СИТИ - ЈАНГ БОЈС 3:0 (2:0)
/Халанд 23', 51', Фоден 51'/

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА - РБ ЛАЈПЦИГ 1:2 (0:1)
/Хенрихс а.г. 81' - Симонс 8', Опенда 77'/

Група Х

ШАХТЈОР - БАРСЕЛОНА 1:0 (1:0)
/Сикан 40'/

ПОРТО - АНТВЕРПЕН 2:0 (2:0)
/Еванилсон пен. 32', Пепе 90+1'/

Фудбалер на Јанг Бојс на полувреме му го побара дресот на Халанд

Донарума исвиркан и опсипан со лажни банкноти

8 ноември 2023 - 00:22