Донарума исвиркан и опсипан со лажни банкноти

Фудбалерите на Милан направија голем пресврт и со 2-1 го совладаа ПСЖ. Навивачите на росонерите спремија жесток пречек за некогашниот нивен голман Џанлуиџи Донарума кого го сметаат за предавник, алчен за пари. Од таа причина го исвиркуваа и во текот на целиот меч врз неговиот гол фрлаа лажни долари со неговиот лик.

 Навивачите на Милан пред мечот по симболична цена од 2 евра ги продавале штампаните банкноти, а решиле целата заработка да ја донираат во фудбалската школа Корвето и Баџо во Милано, со цел да се купат нова опрема, копачки, дресови и топки за децата кои тренираат.

************************************

Голем триумф на Милан против ПСЖ, Шахтор ја совлада Барселона

Прекрасната акција со која децата на Шахтјор ја матираа Барселона

8 ноември 2023 - 09:28