Прекрасната акција со која децата на Шахтјор ја матираа Барселона

Шахтјор Доњецк во Хамбург пред педесетина илјади гледачи ја пречека Барселона која таму дојде во најсилен состав со Левандовски, Кансело, Тер Штеген, Рафиња, Гундоган, Гави, Жоао Феликс... Но екипата составена од претежно млади украински фудбалери заслужено победи со 1-0 и освои три златни бода во трката за второ место.

Акцијата за голот на Шахтјор ја започна одличниот Георги Судаков кој има 21 година, кој постигна гол на мечот со Македонија во квалификациите за Евро2024 и кој е цел на многу европски клубови.

Реализатор 21-годишниот Данило Сикан:

8 ноември 2023 - 09:47