Ига Швјонтек - најдобрата тенисерка на светот заработила 19 милиони долари

Секој од најпознатите тениски турнири е собир за најдобрите тенисери и тенисерки на светот каде конкуренцијата треба да биде најголема. Но Ига Швјонтек не мисли така.

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска веќе две години апсолутно доминира во женскиот тенис. Таа синоќа во финалето на завршниот турнир на ВТА, во финалето ја растури Американката Џесика Пегула (5-та на свет) со резултат 6:1, 6:0 и тоа е најубедлива победа на такво ниво во финале на завршен турнир во историјата.

Општо на цел турнир Швјонтек изгубила само 20 гема и тоа е нова рекорд на турнирот кој започна од 2003-та година. Претхдониот рекорд го држеше Серена Вилијамс која во 2012-та година на патот до титула на завршниот женски турнир изгубила само 20 гема. Швјонтек сега испуштила дури 12 помалку од Серена.

Последните две години во ВТА се апсолутно нејзини.

За последните 24 месеци Ига Швјонтек освоила дури 14 титули! Во последниве две години ниту една тенисерка не освоила повеќе од четири трофеи. 

Во 2023-та година Ига има шест пехари а во 2022-ра освои осум. Од осумте последни Гренд слема, во женска конкуренција Ига Швјонтек освои три. Останатите пет меѓу себе ги поделија пет разни тенисерки.

Ига Швјонтек има пет титули во WTA 1000, на најпрестижно ниво таа освоила повеќе трофеи од која било друга нејзина конкурентка на сите нивоа.

Од 14 најголеми турнири во последните две години Швјонтек освоила дури 8. Таа во последните две сезони е лидер по број на победи. Минатата година имала 67 триумфи а годинава 68.

Процентот на победи и е неверојтен, 88% лани а 86% годинава. За споредба, најдобар втор процент меѓу тенисерките минатата година имала Тунижанката Онс Жабур - 73% а втора годинава е Белорусинката Арина Соболенко со 81% победи.

При тоа Ига Швјонтек многу ефективно ги користи шансите - нејзиниот учинок во финалињата во последниве две години е 14 победи и само 3 порази. А многу финални средби таа доби убедливо: дури четири пати освојувала сет со 6:1 а во 10 финалиња не изгубила повеќе од пет гема по меч.

Од 96 недели колку што поминале од почетокот на сезоната во женскиот тенис Швјонтек била прва дури 75 недели. Сега ја поминува 76-та недела и тоа е 10-ти најдобар резултат во историјата.

Минатата сезона завршила со 15 победи и само 2 порази против Топ10 светските тенисерки а сезонава има 13 победи и 6 порази.

Таа е прва тенисерка после Серена Вилијамс во 2013/2014 која две години по ред победила најмалку 10 меча против тенисерки од Топ10.

Полската тенисерка во последните две години од освоени турнири заработила околу 19 милиони долари! А има само 22 години.

7 ноември 2023 - 10:26