Еврогол на колото падна во Белгија

Белгискиот клуб Унион Сен Жилоа веќе пар сезони е прав хит во тамошното првенство. Во неделата првпат после далечната 1964-та година го совладаа трофејниот Клуб Бриж. Триумфот од 2-1 го донел шпицот Мохамед Амура со погодоци во 22’ и 68’ минута. Првиов со школски ножички.

Мохамед Амура сега има 8 гола на 9 меча во белгиската лига а Унион Сен Жилоа има седум победи по ред.

6 ноември 2023 - 14:18