Пред почетокот на дуелот Денвер Нагетс - Њу Орлеанс Пеликанс, стигна вест дека Никола Јокиќ незгодно го повредил прстот на едната рака на тренинг и дека може да го пропушти натпреварот.
Но не само што не го пропушти туку одигра фантастичен меч со 35 поени (најмногу сезонава), 14 скока и 12 асистенции. Јокиќ до трипл-дабл стигна пред крајот на третата четвртина кога Денвер успеа да надомести огромна негатива од -20 поени.
Србинот ги надмина Џејсон Кид и Леброн Џејмс на вечната листа на играчи со трипл-дабл учиноци каде и натаму убедливо прв е Расел Вестбрук со 198 трипл-дабл учиноци, Оскар Робертсон е втор со 181, а Меџик Џонсон трет со 138 трипл-дабл исходи.
NIKOLA JOKIC FIRST DUNK OF THE YEAR pic.twitter.com/9kl42yWUju
— Dan Favale (@danfavale) November 7, 2023
После мечот сам водел прес-конференција, прашувал и сам одговарал.
Покрај Јокиќ, супер средба одигра и Мајкл Портер со 22 поени, рукито Џулијан Стоутер додаде 21 поен а Колдвел-Поуп и Гордон запишаа по 15 поени во триумфот на Нагетс.
Кај поразениот Њу Орлеанс Пеликанс, Џордан Хоукинс со 31 поен беше прв стрелец, Брендон Инграм додаде 21 а Зајон Вилијамс 20 поени со 10 скока и 9 асистенции.
Џејмс Харден дебитираше, ЛА Клиперс изгуби во Медисон Сквер Гарден