Како што пишува Тенис365, Ѓоковиќ во последно време е многу поактивен на разни светски настани, а за тоа најзаслужен е новиот член на неговиот тим, Марк Маден.
Американецот од неодамна е во екипата на Новак, дојден е наместо Италијанецот Едуардо Арталди со кого Ѓоковиќ имал долгогодишна и мошне успешна соработка.
Маден е дојден во штабот на Ѓоковиќ со цел да го усоврши имиџот на Новак на и надвор од теренот, па така српскиот тенисер во претходниот период беше на големиот Рајдер Куп, најпознат голферски настан во САД, а потоа и на Светското првенство во рагби.
„Марк Маден е мој деловен советник. Тој живее во Вентворт, пораснал заедно со Лук Доналд и Лук ме покани да бидам денес овде, па ја прифатив поканата. Кога видов дека играат Герет Бејл и Андреј Шевченко кои се одлични во голф, не бев сигурен дали треба и јас да играм“, рекол Ѓоковиќ тогаш на Рајдер Купот кога ја запознал јавноста со новиот деловен соработник Марк Маден.
Novak Djokovic was a guest at the Football World Cup final in the winter and now a guest at the Rugby World Cup final. The sporting world recognising that he is arguably now the greatest athlete of all time and crave his presence. #Djokovic 🐐 pic.twitter.com/dKWf6xxOvJ
— Pavvy G (@pavyg) October 28, 2023