Највисокиот фудбалер во историјата на Лион постигна гол

Олимпик Лион, некогашниот хегемон во францускиот фудбал, проаѓа низ најтежок период. Сезонава во 10 кола имаат само 4 бода и се единствен тим од сите први и втори лиги во Топ5 првенствата ширум Европа кој нема ниту една победа досега. Во неделата ремизираа 1-1 со Мец а единствена светла точка 21-годишниот Скели Алверо.

Скели Алверо е висок 202 сантиметри и во моментов е највисокиот фудбалер во цела француска Лига 1, а и највисок играч кој заиграл за Лион. Го купиле од Сошо за 4 милиони евра летово.

Интересен е начинот на кој овој гигант ја контролира топката и мошне е вешт. Француските медиуми го споредуваат со кошаркарот Виктор Вембанјама кој е висок 224 сантиметри и веќе е нов хит во НБА. 

Во неделата постигна гол во 84’ минута и му донесе бод на Лион против Мец:

6 ноември 2023 - 15:26