Џејми Карагер во сред студио како енциклопедија за Панчев и Црвена Звезда

Некогашниот стопер на Ливерпул долго време работи како стручен коментатор. Сега со Мика Ричардс и Тиери Анри се во студиото на СБС каде ги коментираат случувањата во Лига на шампиони, Лига Европа, Лига Конференции. Во еден опширен настап Карагер ја потсети јавноста на тимот кој жареше и палеше по Европа во ’90-те со Панчев, Просинечки, Савичевиќ, Најдовски.

„Се сеќавам на тимот на Црвена звезда кој го освои натпреварувањето на пенали. Во финалето играше целосно различно од тоа што го играше претходно. Натпреварот заврши 0-0, но тие играа за да заврши 0-0. Тоа беше тимот кој постигна 19 голови на пат до финалето“, изненади Карагер со помнењето.

„Ова е промашувањето на Аморосо од Марсеј. А потоа најдобриот стрелец во тоа време, Дарко Панчев го постигна победничкиот гол. Потоа замина во Интер, но не помина таму многу добро“.

„Тимот имаше фантастични играчи како Просинечки, Савичевиќ... Просинечки играше за Реал Мадрид и Барселона, а Савичевиќ за Милан со кој ја освои и Лигата на шампионите во 1994 година. Савичевиќ постигна гол со лоб против Зубизарета. Апсолутно фантастични имиња имаа“.

8 ноември 2023 - 11:07