Offside

Арманд Дуплантис си поигрува со дисциплината скок со стап. Шведскиот скокач успеа да испише нова страница во спортската историја.

Лажната тревога која направи зафрканција со цел стадион на Ливерпул

Во целата драма во последно коло во Премиер лига, Ливерпул успеа да го сврти резултатот против Вулверхемптон и да чека Астон Вила и Стивен Џерард да направат шок во Манчестер. На „Енфилд Роуд“ во еден момент додека црвените водеа, некој со алузија на мечот Сити - Вила викнал 3:3! И тоа беше доволна причина илјадници навивачи да паднат во транс мислејќи дека освоиле титула.

 

Златан мадафакр

Го освои последното Скудето на Милан 2011-та со Алегри, се врати и по 11 години го освои пак, овој пат со Пиоли на полни 40 години. Каков мангуп, со шампањ и пура се појави да слави.

Прв гол на Илија Несторовски сезонава, за малку ќе ја турнеше Салернитана во Серија Б

Во последното коло од Серија А, Милан со 0-3 на гости го победи Сасуоло и заслужено стигна до 19. скудето во својата клупска историја. Од друга страна, во борбата за опстанок, Салернитана после долги маки конечно дојде до прилика сама на свој терен да одлучува за спас и опстанок, но потфрлија против Удинезе.

Италија обоена во црвено и црно - Милан шампион по 19. пат!

Како и во англиската Премиер лига, така и во елитната италијанска Серија А во недела вечер се играше последното коло во кое се решаваше шампионската титула. Сосема заслужено ја освои Милан кој со 0-3 го совлада Сасуоло и ја задржа лидерската позиција пред градскиот ривал Интер.

Солзи на Пеп Гвардиола, инвазија на терен и луда прослава на титула

Манчестер Сити дефинитивно царува со најдобрата лига на светот. Пеп Гвардиола освои четири шампионски титули во последните пет сезони, но мора да се признае дека последнава ќе им биде најслатка, зошто ја освоија буквално после страшен пресврт од 0-2 на 3-2 во последно коло.

Како на филм: Драма до последен момент, Манчестер Сити ја освои шампионската титула

Фудбалерите на Манчестер Сити ја одбранија шампионската титула во Премиер лига, па по славјето минатата сезона, и сега тимот на Пеп Гвардиола стигна до трофејот, но по многу драматичен пат до последни секунди. Како во 2012 со Агуеро.

Невиден циркус во прва лига на Бугарија, земја од Европска Унија

Во натпревар од најдобрата фудбалска прва лига на Бугарија меѓу Царско село и Локомотива Софија се случија неколку епизоди кои навистина делуваа нереално дури и за првенства од најзаборавените земји од третиот свет.

Моментот кога Ал Келаифи пред полн стадион соопшти дека Мбапе останува во Париз

Сагата со моментално веројатно најјакиот напаѓач во светот заврши уште пред да почне летниот период за трансфери. Килијан Мбапе го откачи Реал Мадрид. Ла Лига ќе го тужи ПСЖ.

Асистенцииште на Дарко Велковски

Со триумф од 1:0. Ријека го совлада Хрватски Драговољац во последното коло од хрватскиот шампипонат. Стрелец на победничкиот гол беше Колумбиецот Хорхе Обрегон уште во 2 минута, по извонредниот пас на Велковски.

Спортски потег за воодушевување, на Бернабеу имаше двоен шпалир

Реал Мадрид и Бетис ја завршија сезоната во Ла Лига со најдосадниот резултат 0:0, ама одржаа лекција за почит. Вие нас се испочитувавте за Купот, ние ќе ви вратиме за титулата. Ретко убави сцени.

Апсолутна доминација - Анадолу Ефес шампион втор пат по ред

Кошаркарите на турски Анадолу Ефес го совладаа Реал Мадрид во големото финале на Евролига во Белград 58:57 и ја одбранија шампионската титула освоена минатата сезона. Василије Мициќ по втор пат е прогласен за најдобар играч (МВП) на Фајнал Фор.

Како може да се случи Серија А следната сезона да има 8 екипи во Европа?

Завесата во италијанскиот фудбал викендов ќе се спушти на мега возбудлив начин. Интер и Милан се борат за Скудето во последно коло, а доста неизвесно ќе биде и за излез на меѓународна сцена.

Навивачка на Евертон која треба да ја тргнат од прв ред

Многу насилство во англискиот фудбал деновиве. Откако тренерот на Кристал Палас, Патрик Виера му влезе со клоца на навивач на Евертон, се појави видео на кое се гледа како навивачка на Евертон удира играч на Кристал Палас кој се срчка со Деле Али. Нападот и е очаен, ама сепак е катастрофален пример за децата, а има едно до нејзе, па уште и тоа се дрзна да замавнува.

Зад сцената на големото изненадување на Денвер во Сомбор

Никола Јокиќ е првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој МВП трофејот го доби во штала, во неговата оаза на мирот кај коњите. Денвер Нагетс предводени од тренерот и претседателот патуваа специјално за него од САД до Србија и му приредија импресивно и уникатно изненадување за кое се договарале со неговата сопруга Наталија. Тешката кугла во форма на баскет ја мкнеле по аеродроми и ја донеле читава. Како изгледаше овој фантастичен гест зачинет со тамбураши на кој Никола заплака од возбуда.

Историски Кралски Куп за Трајковски и Ал Фејха кои направија сензација во Саудиска Арабија

Голем ден во кариерата за јунакот од Палермо кој синоќа го прослави првиот трофеј во кариерата, а тоа е воедно прв трофеј во клупската историја и за неговиот тим. На Алекс му тргна да ги изненадува фаворитите.

Прослава на денот

Бразилецот Ришарлисон постигна гол и намести еден во неверојатниот триумф на Евертон над Кристал Палас после пресврт 3:2 од 0:2 за три златни бода со кои обезбедија опстанок во Премиер лигата. Кога падна третиот гол за победа кој го даде Доминик Калверт-Луин, Бразилецот ја имаше прославата на сезоната. Ко да се фрли во базен.

Мајки пазете се од Чарлс Баркли

Популарното шоу „Inside the NBA“ со стандардните гости Чарлс Баркли и Шекил О`Нил се спремаше за да го следи конференциското финале меѓу Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс. Шек ги игнорираше, а Баркли не одолеа на дофрлувањата на навивачите.

Се собраа европските шампионки, славната „Кометал шампионе“ повторно одекна

19 мај 2002 - 19 мај 2022. Тогаш девојки, сега дами. Кометал Ѓорче Петров ја одбележа 20 годишнината од освојувањето на легендарната и незаборавна европска круна.

Швајцарски навивачи направија несекојдневно шоу

Шампионот на Швајцарија, Цирих, кој убедливо со 17 бода предност е на прво место, си дозволи пораз на гостувањето кај Лугано 2:1. За време на мечот, навивачите на Цирих распалија жесток огномет од гостинската трибина. А како и не би кога шампиони станаа после цели 13 години!

Спектакл на плоштадот во Франкфурт, Ајнтрахт го донесе пехарот

На Ромерберг, централниот плоштад во Франкфурт илјадници навивачи на Ајнтрахт ги поздравија своите херои кои на клубот и градот им донесоа прв европски трофеј после цели 42 години! Прослава каква што можат да направат само најдобрите навивачи сезонава во Европа.

Навивачкиот лифт на Бока е хит во Јужна Америка

Додека во Европа фудбалот стана првокласен бизнис во кој се наддаваат милијарди, Јужно-американците уште го задржаа романтичниот поглед кон најубавата игра. На нивните стадиони секој натпревар има некој нов „изум“. Како на пример на овој на мечот Бока - Коринтијанс од Копа Либертадорес (1:1).

Остај ти титула, да видиш опстанок во Евертон како се слави лудо

Евертон беше на работ на амбисот. Губеа дома 0-2 од Кристал Палас и беа на праг да се тресат за испаѓање во втора лига до крајот од сезоната. Но во вториот дел „карамелите“ направија целосен пресврт со 3-2 со головите на Мајкл Кин, Ришарлисон и Доминик Калверт-Луин во 85’ минута.

Реал после пет порази ја урна Барселона и влезе во големото финале

Како ретко кога, кошаркарите на Реал Мадрид и Барселона сезонава одиграа дури седум меѓусебни средби. Каталонците предводени од неверојатниот Миротиќ победија на дури 5 во првенството и во Купот, но Реал го доби оној најважниот, во полуфиналето на Евролига на Фајнал фор во Белград - 86:83.

Неверојатна тројка на Василије Мициќ - Ефес е во големото финале на Евролига

Актуелниот европски шампион Ефес Пилсен ќе ја брани титулата на завршниот турнир во Белград. Турскиот состав во првиот полуфинален дуел го совлада Олимпијакос со 77-74 со кош постигнат во последна секунда.