Солзи на Пеп Гвардиола, инвазија на терен и луда прослава на титула

Манчестер Сити дефинитивно царува со најдобрата лига на светот. Пеп Гвардиола освои четири шампионски титули во последните пет сезони, но мора да се признае дека последнава ќе им биде најслатка, зошто ја освоија буквално после страшен пресврт од 0-2 на 3-2 во последно коло.

Манчестер Сити беше во крајно деликатна ситуација. До 76' минута губеше 0-2 од тимот кој го води најголемата клупска легенда на Ливерпул, Стивен Џерард. 

Пеп Гвардиола успеа да ги смири неговите играчи, да не бркаат безглаво пресврт и на крајот успеаа во невозможното. Славеа 3:2 и стигнаа до толку посакуваната шампионска титула.

 

22 мај 2022 - 19:41