Иранците со воен поздрав до своите убиени генерали пред меч со Словенија

Пред стартот на одбојкарскиот дуел меѓу Иран и Словенија во Лига на нации во Рио де Жанеиро, иранските одбојкари испратија војнички поздрав во знак до своите загинати генерали и сограѓани по нападите на Израел со бомбардери и дронови.

На крајот победата ја однесе Словенија после голема борба во пет сета. Словенците славеа 3:2 по сетови: 17-25, 25-23, 25-18, 18-25, 15-12.

„Ова е јасен напад на нашата татковина и нашата должност не ни дава да останеме рамнодушени. Се обидовме да служиме на нацијата со играње одбојка. Нема да се октажеме“, изјави одбојкарот н Иран, Барди Садат.

 

15 јуни 2025 - 09:39