Прв гол на Илија Несторовски сезонава, за малку ќе ја турнеше Салернитана во Серија Б

Во последното коло од Серија А, Милан со 0-3 на гости го победи Сасуоло и заслужено стигна до 19. скудето во својата клупска историја. Од друга страна, во борбата за опстанок, Салернитана после долги маки конечно дојде до прилика сама на свој терен да одлучува за спас и опстанок, но потфрлија против Удинезе.

Фудбалерите на Салернитана предводени од центарфорите Бонацоли и Ѓуриќ пред преполн стадион во Салерно го пречекаа Удинезе во борба за спас.

Салернитана со 31 бод беше на 17. место на табела кое значеше останување во Серија А. Удинезе веќе одамна обезбеди опстанок така што овој натпревар за нив немаше резултатско значење.

Но и покрај тоа гостите после 43 минути игра водат 0-3. Вториот гол на Удинезе, во 34' минута беше дело на нашиот Несторовски кој го запиша првиот овосезонски погодок:

Но на огромна радост и олеснување на илјадници навивачи на Салернитана, на тимот и на тренерот, Венеција и Каљари одиграа само 0:0 така што тимот од Сардинија испаѓа а Салернитана се спасува и опстана во Серија А.

22 мај 2022 - 21:38