Анадолу Ефес стана еден од ретките клубови кои ја одбраниле шампионската титула во Европа. На крилјата на неверојатниот Василије Мициќ кој постигна 23 поени (8/15 од игра) и Тибор Плајс со 19 поени (8/10) и 7 скока, избраниците на Ергин Атаман се качија на кровот на Европа.
The 2021-22 EuroLeague Champion!@AnadoluEfesSK goes BACK-to-BACK 🏆#F4GLORY pic.twitter.com/UBRGfO6ODY
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 21, 2022
Ефес е само третиот тим кој успеал да ја одбрани титулата во модерна Евролига. Претходно на тронот два пати по ред се качија Макаби (2004 и 2005) и Олимпијакос (2012 и 2013).
Двата тима се менуваа во водството, на едната страна доминираше Таварес кој беше несопирлив, а на другата српскиот репрезентативец Мициќ кој погаѓаше од сите позиции.
😎 Micic, Real Madrid savunmasını delmeye devam ediyor! #AnadoluEfes #F4GLORY pic.twitter.com/BMB0Vpe7dL
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) May 21, 2022
На паузата Реал Мадрид отиде со 5+ поени предност благодарение на серијата поени на Ентони Рендолф.
🔥 #EuroLeague kariyerinin 2500. sayısı! #AnadoluEfes
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) May 21, 2022
💪 Micic, Laso'ya molayı aldırdı! #F4GLORY pic.twitter.com/X9Lf9hZqzI
Во третиот период и двата тима имаа празни минути па речиси за десет минути паднаа само 19 поени.
Четвртата четвртина започна со предност на Реал Мадрид 42:40 но Ефес немаше намера да се предаде. До крајот Тибор Плајс блесна со офанзивни скокови а искусниот центар во таа фаза постигна многу важни поени.
BIG ol' slap off the backboard 👋
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 21, 2022
F4GLORY I #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/dGoDxyRhw3
Со неговиот кош Ефес отиде на 58:55 на 1.05 до крајот а Реал Мадрид до самиот финиш не успеа да се врати во игра и турскиот состав заслужено ја освои шампионската титула.
Најефикасни кај шампионот беа Мициќ со 23 поени и Тибор Плајс со 19 поени, а Шејн Ларкин уфрли 10 поени со 6 скока и 4 асистенции.
Кај „кралевите“ Валтер Таварес уфрли 14 поени со 11 скока, а Серхио Љуљ потфрли со само 9 поени. Рендолф додаде шест поени а по пет Ханга, Дек и Поарие.
Претходно во дуелот за трето место Барселона го совлада грчки Олимпијакос со 84:74 и ја освои бронзата.
Никола Миротиќ со 19 поени беше најефикасен кај Каталонците. Миротиќ е МВП во регуларниот дел од Евролигата (признание за најдобар играч сезонава). Ник Калатес додаде девет поени со 8 скокови и дури 13 асистенции а Турчинот Шанли уфрли 16 поени.
Кај Олимпијакос Саша Везенков малку го обели образот по очајната партија во полуфиналето па сега со 20 поени и 11 скока беше на ниво. Костас Слукас запиша 14 поени а Мексик додаде 11.